Видео: Човечка пирамида за да спасат девојче од трети спрат
Објавено во: Свет 14 Август, 2017
Тројца совесни граѓани на Астана, Казакстан изведоа неверојатен потфат за да спасат мало девојче кое излегло на прозорецот од станот на третиот спрат на зградата. Тие за да го спасат формираа човечка „пирамида“ и качувајќи се еден врз друг стигнаа до девојчето кое е безбедно вратено во станот. Во моментот на инцидентот родителите на девојчето не биле дома.