(ВИДЕО) Документарниот филм „Шпион“ на Ал Џезеира Балкан во Недела од 17 часот
Објавено во: Мои пари 03 Ноември, 2016 11:54
По филмовите „Шест часа до небото – Тоше Проевски“ и „Кобна кота“, Ал Џезеира Балкан го претставува новиот македонски документарен филм-„Шпион“,кој го реализира продуцентската куќа Револушн од Скопје и режисерот Дејан Милошевски.
Се работи за истражувачка документарна приказна која зборува за уцените, трговијата со државни тајни и други афери. Приказната ги следи вистинските случувања во Македонија каде што полицијата уапси група од 20 тина поранешни и сегашни припадници на македонската тајна полиција. Таа т.н шпионска група се занимавала со собирање на информации за безбедносната ситуација во Македонија, за структурата на полициските и воените сили, разговори со странски политичари и странски безбедносни агенции во регионот.
Премиерното прикажување на овај филм на програмата на Ал Џезеира Балкан е во недела на 6 ноември во 17.05 часот.
Можеби ќе ве интересира
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“




