Видео: Драган Спасов Дац за Фактор24 - Политичарите не глумат подобро од актерите, тие лажат
Објавено во: Македонија 26 Јануари, 2017 19:53
Актерот Драган Спасов Дац кој зад себе има бројни успешни улоги на театарските сцени низ Македонија, беше гостин во најновото издание на ТВ Магазинот Фактор24.
Во интервјуто популарниот Дац говореше за одговорноста на политичарите за состојбите во општеството и зошто тие станаа поголеми ѕвезди од глумците. Сепак, нив глумата не им оди добро бидејќи се многу провидни и знаат само да лажат.

- Мед и млеко да тече на никој нема да му биде гајле кој е премиер или претседател. Сите работи се насочени кон политичарите бидејќи од нив се бараат одговори за тоа што не чини во државата, вели актерот.
Дац говореше и за учеството во Шарената револуција, особено по жестоката реакција откако требаше да биде уапсен неговиот син затоа што бил редовен на протестите. Целото интервју со Драган Спасов Дац како и остатокот од емисијата за енергетската нестабилност погледнете го во продолжение.
Емисијата Фактор24 е проект на порталот Фактор во соработка со телевизија 24 Вести каде може да ја гледате секоја среда од 22:30 часот со Горазд Чомовски.
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




