Видео Фактор24: Интервјуа со Гаши, Јаковлевски и Дурловски - Тензична политика со малку забава
Објавено во: Македонија 02 Февруари, 2017 09:47
Продлабочувањето на политичката криза речиси целосно го блокираше општеството, главна грижа е кој ќе ја формира новата влада и дали има услови ова политичко лудило да трае до недоглед.
Во вчерашното издание на емисијата Фактор24 во делот посветен на актуелна политика гости беа Мане Јаковлевски, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ и сегашен координатор на ветераните, како и Африм Гаши
Со нив разговаравме за неуспехот да се состави нова Влада, што го предомисли Ахмети во последен момент, дали Никола Груевски ќе остане претседател на ВМРО-ДПМНЕ и ако не биде премиер, дали БЕСА ќе преговара со Заев за заедничко владеење.
Сепак, ако ви е здосадено од политички анализи, претпоставки и нови компликации погледнете го и делот на емисијата Фактор24 каде гостува директорот на Македонската опера и балет прославениот оперски пејач Игор Дурловски, особено за најавениот мјузикл „Тајно моја“ посветен на Тоше Проески за што неодамна заврши и големиот кастинг на таленти.
Погледнете ја и новата ТВ колумна „Факторизација“ на Христијан Станоевиќ која на сатиричен начин ја анализира трката за мандатот и разногласието меѓу правните „експерти“, кој македонски политичар е нов фаворит кај албанските партии да формира влада или пак тргнавме кон патот на политичкиот пекол.
Во продукција и изработка на тимот на faktor.mk, а се емитува на ТВ24, секоја среда во 22.30 часот.
Можеби ќе ве интересира
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите




