22 Мај, 2024
0.0272

(ВИДЕО-ФОТО) Обичај „Звегорска сурва“: Како василичарите ја слават Василица во истокот?!

Објавено во: Стил 14 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Денеска е ден кога во источниот дел на нашава земја, поточно село Звегор (делчевско) се слави празникот Василица со малку поинаков од Вевчанскиот обичај.
 1535551_10152597467953663_8634009339019347974_n
Оваа традиција е автентично чување на обичаите под маска стара со векови уште од турско време, a истата се одржува под покровителство пред се на главните организатори кумот и старекот а општина Делчево и градоначалникот пружаат подршка врз основа на барање од кумот и организациониот одбор.
1461672_10152597467923663_4558794215092668378_n
Василичарскиот обичај е наречен „Сурва“ и претставува годишно прославување на Стара Нова Година на 14 Јануари.
10522554_10152597468128663_4698569010196397669_n
Манифестацијата се одржува два дена. Првиот ден започна вчера утрото со обичајот „Сурва нова година“ во кој се вклучени деца кои во групи опремени со суроваски ги гонат селските кучиња извикувајќи „Сурваааа... и одат од куќа на куќа, пеејќи василичарски обредни песни. Домаќините ги даруваат гостите - сурваскари со јаболки, ореви, бонбони, гурабии и други дарови.
10570449_10152597468033663_7793751027449324047_n
Потоа доцна во ноќта, постарите ја започнуваат својата подготовка. Тие се собираат на однапред договореното место и се пресоблекуваат во друга облека. Има одредени улоги што постарите ги толкуваат на овој настан секоја година. Некаде околу 5 часот наутро тие започнуваат да одат од куќа на куќа не одминувајќи ниту една куќа во селото со традиционалната свадбена поворка, бидејќи денешниот втор ден е така наречената  „Василичарската свадба“ , со зурли и тапани.
10363695_10152597467928663_7981135120138630161_n
Во неа учествуваат сите жители на селото, но главни актери се зетот, невестата, кумот и сватовите, кои маскирани одат по улиците низ селото и ги посетуваат сите домаќинства на кои им ја честитаат Новата (сурва) година и им делат благослови за добро здравје, ксмет и бериќет. Домаќините, пак, ги почестуваат со греана домашна ракија, свинско месо, сирење и им ги полнат торбите со грав, компири, суви пиперки и други прехранбени артикли. Од собраните дарови се подготвува „василичарска свадбена трпеза“ за сите учесници и гости на манифестацијата.
10906358_10152597468073663_458457793312906669_n
Во рамките на музичката програма на „Звегорска сурва“ се одржува своевидна смотра на дувачки оркестри, пејачки и играорни групи, а манифестацијата продолжува на сред село со општонародна веселба и завршува во доцните вечерни часови со визите по домовите на оние што го носат името Васил, Васе, Васко, Василка, Васа, Васко.
Интересно да се спомене е дека во текот на поворката во селото кое се наоѓа на самиот граничен премин со соседна Бугарија, учесниците го блокираат сообраќајот се додека не им дозволите да ве намачкаат со црна боја (пред се за здравје а така го плаќате и  данокот на државата), а може да изедете и некој стап со цел на шегување и истерување на злите духови.
2 1 3 surva 4
560177_10152597471873663_3511412003148671844_n 10389663_10152597473233663_5235102355581624239_n 10610566_10152597473338663_86626166663780848_n 10906502_10152597471618663_2801688786037195894_n 10922850_10152597472953663_6495792127679731938_n

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“