12 Април, 2025
0.0377

(ВИДЕО-ФОТО) ОВА СЕ ДЕЦА НА НАЈГОЛЕМИТЕ МАФИЈАШИ: Лигави, богати и исти како родителите!

Објавено во: Свет, Галерија 01 Декември, 2016 11:10

Добивај вести на Viber

Децата на луѓето кои огромен имот стекнале со криминал подготвени го прифатија уживањето во таков животен стил и уште еднаш докажаа дека „крушата под круша паѓа“.

1. Иван Гузман

Познат е по објавување на фотографии со многу пари, клучеви од луксузни автомобили, егзотични животни и позлатено оружје и секако небројни разголени жени со силикони.


На социјалните мрежи често се фали со доаѓања, заминувања како бегови од затворот на својот озлогласен татко Хоакин Ел Чапо Гузман. После последното апсење на Твитер и се закани на мексиканската влада со зборовите „Не знаете што направивте и во какви неволји паднавте“.

2. Алфредо Гузман

Нешто помлад и понезрел братот на Иван исто така обожава да се фали преку социјалните мрежи, а не му недостасува ни лигавоста ни парите. На другите на своите профили им се обраќа со зборовите „Овде може да ме најдете, вие сте обични смртници“ издигнувајќи се над другите, а ни тој не имун на љубовта кон оружјето и луксузните автомобили, кои сака да ги спојува.

И тој реагирал на апсењето на својот татко со заканите „Можам да бидам светец ако се однесувате чесно кон мене, а во секој друг случај сум отров. Владата наскоро ќе го запамети Гузман“.

3. Серафин Замбада

Баш како што Ел Чапо оформил блиско партнерство со Исмаел Ел Мајо Замбада, Синалоа картели на синовите на двајца нарко шефови исто така оформиле пријателство. Така и Иван и Алфредо се блиски со Серафин Замбада, најверојатно наследникот на царството и картел на неговиот татко.


Како Гузман , не е срамежлив да го покажува своето богатство во облик на автомобили, оружје и други играчки, а за разлика од нив тој не го крие своето лице или го замаглува со дискретни фотографии. Тоа му се удри во глава кога го фати американската ДЕА после поминувањето на границата од Соноре во Аризона.

4. Винченте Замбада Ниебла

Уште еден син на Ел Мајо, услужниот Винченте кој е уапсен поради продажба на дрога и испорачан во САД во 2010 година, на суд се бранел дека не би требало да биде во затвор бидејќи бил подготвен да биде „кодош“.

Не само што тврдел дека го штити договорот за имунитет меѓу Мексико и САД поради информации кои Синалоа картелот ги дал за другите конкурентски банди, туку неговите адвокати тврделе дека не може да биде законски гонет во САД поради својата улога на „информатичар“ на ДЕА, дури иако прокриумчарил милијарди во кокаин и хероин во САД.

5. Мелиса Планкарте

Поп пеачка во раст, како сама себе се нарекува , Мелиса е вистински пример за нарцис. Својат пат до музичката слава се обидува да го оствари на поприлично бизарен начин, поврзувајќи го своето име со злосторничката организација на својот татко.

Енрике Планкарте бил еден од најбараните Мексиканци од странска полиција и Интерпол и водач на картелот на Витезите Темплари пред да биде убиен во пресметка во 2014 година.

Својата поддршка на организиран криминал ја покажува со задоволство, па макар и со фустан со мотив од Витезите Темплари.

6. Франсин Лукас Синкер

За девојката чиј татко осакатил цел квартал на Њујорк како дилер на кокаин и хероин, Франсин уживала во прилично наивно и идеално детство. Како тригодишна имала Фенди крзнен капут, 10 000 долари вреден сет возови за играта Фао Шварц, а нејзините плишени играчки биле полни со кеш.


Нејзиниот татко Франк Лукас бил крал на дрогата во Харлем, а нејзе и рекол да се занимава со „продажба на бомби“. Од три години е сведок на неговото апсење а во јавноста излегла во 2007 година пред излегувањето на филмот на Американскиот гангстер со Џензела Вошингтон кој го опишува животот на нејзиниот татко, наведувајќи дека сето тоа е една голема лага.

7. Себастиан Марокуин

Најозлогласениот крал на дрогата на сите времиња секако бил и останал Пабло Ескобар, а неговиот син тврди дека имал сосема нормален однос со својот татко и покрај фактот дека пораснал опкружен со неверојатно богатство од една страна и насилство од друга. Но, детството и не му било така нормално-со сопствена зоолошка градина во која биле и егзотични животни како слонови, а во текот на попладневен одмор можел да го види татко си како мава со пиштол пред вработените на кои им се заканувал дека ќе ги убие ако земаат дрога.

Инаку роден како Хуан Пабло Ескобар, а тајно живеел во Буенос Аирес под новото име Себастиан Марокуин. Во првите 17 години живот во анонимност практично се опоравувал од животот со таткото Пабло Ескобар. Денес има 39 години и не му е лесно да се помири со две работи-љубовта кон таткото, но и омразата поради она што го направил.

Можеби ќе ве интересира

ГО СЛАВЕЛЕ ДЕВЕТТИОТ РОДЕНДЕН НА ЕДНА ОД НИВНИТЕ ЌЕРЌИ“ - загина целото семејство на директорот на шпанскиот огранок на „Сименс“, како и пилотот

ГО СЛАВЕЛЕ ДЕВЕТТИОТ РОДЕНДЕН НА ЕДНА ОД НИВНИТЕ ЌЕРЌИ“ - загина целото семејство на директорот на шпанскиот огранок на „Сименс“, како и пилотот

ВО ГЕРМАНИЈА И ТОА Е МОЖНО: Ако живеете блиску до градилиште, ќе добивате по 100 евра дневно

ВО ГЕРМАНИЈА И ТОА Е МОЖНО: Ако живеете блиску до градилиште, ќе добивате по 100 евра дневно

СРЕДБАТА МЕЃУ ПУТИН И ВИТКОФ ТРАЕШЕ ЧЕТИРИ ЧАСА - „Средбите не се тајни, но преговарачкиот процес е затворен“

СРЕДБАТА МЕЃУ ПУТИН И ВИТКОФ ТРАЕШЕ ЧЕТИРИ ЧАСА - „Средбите не се тајни, но преговарачкиот процес е затворен“

ОПОЗИЦИСКАТА ЛИДЕРКА НА ФРАНЦИЈА НЕ СЕ ОТКАЖУВА - Марин Ле Пен и 11 нејзини колеги поднесоа жалба на пресудата

ОПОЗИЦИСКАТА ЛИДЕРКА НА ФРАНЦИЈА НЕ СЕ ОТКАЖУВА - Марин Ле Пен и 11 нејзини колеги поднесоа жалба на пресудата

ТАКТИЧКИ ПОТЕГ НА ВАШИНГТОН - Унгарскиот премиер за таканаречената „тарифна војна“

ТАКТИЧКИ ПОТЕГ НА ВАШИНГТОН - Унгарскиот премиер за таканаречената „тарифна војна“

„НИЕ СЕ ЗАЛАГАМЕ ЗА ЧЕКОР ПО ЧЕКОР ПРИСТАП КОН ИНТЕГРАЦИЈА НА ЗЕМЈИТЕ КАНДИДАТИ“ - новата Влада во Германија смета дека мора да им се помогне на земјите од Западен Балкан

„НИЕ СЕ ЗАЛАГАМЕ ЗА ЧЕКОР ПО ЧЕКОР ПРИСТАП КОН ИНТЕГРАЦИЈА НА ЗЕМЈИТЕ КАНДИДАТИ“ - новата Влада во Германија смета дека мора да им се помогне на земјите од Западен Балкан

„ЧОВЕКОТ ОД МИНАТОТО“ БУДИ ГОЛЕМИ НАДЕЖИ: Портрет на идниот нов канцелар на Германија, Фридрих Мерц

„ЧОВЕКОТ ОД МИНАТОТО“ БУДИ ГОЛЕМИ НАДЕЖИ: Портрет на идниот нов канцелар на Германија, Фридрих Мерц

ЌЕ ЗАМИНЕ ЛИ ЗЕЛЕНСКИ? Тоа е желбата на Трамп и Путин

ЌЕ ЗАМИНЕ ЛИ ЗЕЛЕНСКИ? Тоа е желбата на Трамп и Путин

МАКРОН СЕ ОГЛАСИ НА СРПСКИ ПО СРЕДБАТА СО ВУЧИЌ: „Повторно му укажав колку Франција придава значење на демократската и европската иднина на Србија“

МАКРОН СЕ ОГЛАСИ НА СРПСКИ ПО СРЕДБАТА СО ВУЧИЌ: „Повторно му укажав колку Франција придава значење на демократската и европската иднина на Србија“