(ВИДЕО-ФОТО) ОВАА ЧЕЛИЧНА ВРАТА ГИ КРИЕ СИТЕ ТАЈНИ НА СВЕТОТ: Ѕирнете во временската капсула!
Објавено во: Македонија 25 Јануари, 2017 15:11
Под еден универзитет се закопани бројни вредности со описите на животот во средината на дваесетиот век.
Временските капсули обично се мали контејнери со само неколку предмети, но под универзитетот Оглторп во сојузната држава Џорџија, се крие вистинска временска соба. Но не е интересна само содржината на собата. Целата приказна е неверојатно интригантна.

Како и секоја интересна приказна, така и оваа има контроверзии. Торнвел Џејкобс, долгогодишен претседател на универзитетот измислил цела идеја од временската капсула.
Почнал со планови за своја временска капсула уште во 1937 година, цели две години пред Вестингхаус да „ја украде“ неговата идеја и во 1939 година ја постави првата временска капсула во Њујорк.

Секоја временска капсула се отвора во одредено време, а Џејкобсовата би требало да се отвори во 8113 година. Изворно сакал да ја затвори капсулата на 6000 години, но египетскиот календар ги променил плановите. Имено, старите Египќани почнале да го бележат времето во 4241 година пред Новата ера и ако капсулата навистина преживее до 8113 година, датумот на затворање ќе претставува точна средина на човековата историја.

Самата капсула е долга 6 метри, висока три и широка три метри. Изградена е во преуредениот базен за пливање, но како внатрешност се избрани емајлирани плочки наместо обичен бетон, а вратата од нерѓосувачки челик подоцна е заварена.
Внатре се наоѓаат некои од најважните светски реквизити. Спакувани се повеќе од 640 000 страници материјал: од примерокот на Куранот до сценарија од легендарниот филм „Одвеано со виорот“ .
A peek at Oglethorpe University's modern time capsule, the Crypt of Civilization: http://t.co/g1imm2E3qO #education #history
— EditingWorm (@EditingWorm) January 1, 2014
Се наоѓаат и некои навистина практични работи како што е справата наменета за учење на англиски јазик, за случај јазикот да изумре до времето на отворање. Џејкобс поставил и неколку славни парчиња накит, но за секој случај поставил реплики како некои крадци не би го нападнале сефот и уништиле неговата оставнина.
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




