(ВИДЕО-ФОТО) Падна најголемиот грчки терорист: Погледнете го лицето зад кое се криеше злогласниот Христодулос Ксирос!
Објавено во: Балкан 04 Јануари, 2015 08:45
Христодулос Ксирос осуден на доживотен затвор поради тероризам, после бегството од година дена, вчера повторно е уапсен, пренесуваат агенциите. Анти-терористичката единица на Грција го уапсила Ксирос во југоисточниот дел на Атина и тоа на сред ден, но полицијата не ги прецизирала околностите на апсењето.
Ксирос бил во бегство од јануари 2014ога не се вратил од одстустви во затворот Коридалост, а според пишувањето на грчките медиуми, го сметале за најбаран бегалец во оваа земја.
Бил припадник на грчката екстремна левица, организацијата „17 ноември“ која е распуштена во 2002 година. Признал 23 убиства, меѓу кои и убиството на шефот на огрнокот на ЦИА во Атина Ричард Велч.
Од неговото бегство се прочуло дека повторно се активирал бидејќи полицијата ја пронашла неговата ДНК на една експлозивна направа во мај, а само 15 дена после бегството Ксирос се појавил на една видео снимка на интернет и се заканил дека „повторно ќе загрми оружјето на бунтовниците против сите оние кои ги украле нашите животи и ги продале нашите соништа.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата





