(ВИДЕО-ФОТО) РАСТЕ ЦРНИОТ БИЛАНС: 37 мртви во терористичкиот напад во Анкара!
Објавено во: Балкан 14 Март, 2016
Бројот на жртви во најновиот бомбашки напад во Анкара порасна денес на 37, изјави турскиот министер за здравство Мехмет Муезиноглу. Синоќа беше речено дека загинале 34 лица.
Засега никој не презеде одговорност за синоќешниот напад, втор терористички чин во само месец дена, во кој исто така беа повредени 125 лица.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/SputnikInt/status/709285469104672768?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Неименуван претставник ги обвини Курдите-тој тврди дека прелиминарните резултати на истрагата укажуваат дека екстремистичката Работничка пратија на Курдистан или некоја група поврзана со нив е одговорна за нападот.
Експлозијата одекнала во близина на централниот Гвин пар во неделата во 18.35 часот. После експлозијата се слушнало и пукање, наведе Ројтерс. Таа област била евакуирана поради страв од нов напад, наведе БиБиСи.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/SputnikInt/status/709282958637539328?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Турскиот весник Хуриет додава дека еден број возила е запален, а на местото на експлозијата стигнале многу амбулатнтни возила. Според наводите на приватната НТВ, експлодирал автомобил, додека станицата ТРТ извести дека експлозијата следи после судирот на автомобил и автобус во кој се наоѓале околу 20 лица.
Хуриет потсетува дека САД ги предупредија пред три дена своите државјани на можен терористички напад во Анакра.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/BBCWorld/status/709200517256376323?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Турскиот претседател Ердоган после нападот порача дека борбата против тероризмот ќе биде завршена со успех и дека „тероризмот ќе биде фрлен на колена“. Тој додал дека нападот нема да ја ослаби одлучноста за борба против тероризам и дека Турција никогаш нема да отстапи од правото да се брани себе и своите граѓани.
„Нашиот народ не треба да се грижи, борбата против тероризмот сигурно ќе заврши со успех, и тероризмот ќе биде фрлен на колена“, рекол Ердоган и повикал на национално единство.
Погледнете го моментот на експлозијата: