(ВИДЕО) ГОРЕА АМЕРИКАНСКОТО И ТУРСКО ЗНАМЕ: Грците протестираат во Атина
Објавено во: Балкан 27 Ноември, 2015
Неколку стотина грци се собрале синоќа прво на централниот атински плоштад Синтагма, а потоа се упатиле кон зградата на турската амбасада во грчката престолнина. Тие во својот протест ги запалиле американското и турско знаме.
Полицијата ги застанала демонстрантите на 300 метри од амбасадата, веднаш пред споменикот подигнат во чест на грчките пилоти кои починале во инцидентот со турските воздушни сили во близина на островот Имија 1996 година. Веднаш по тој инцидент двете земји членки на НАТО биле на ивица на војна.
Демонстрантите држеле транспаренти против НАТО, барајќи Грција да излезе од Алијансата и во тој момент го запалиле американското и турско знаме.
Полицијата не дозволила лидерот на новата грчка левичарска политичка паритија „Популарно едниство“ Панајотис Лафазанус да им даде на функционерите на амбасадата писмо адресирано до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/9E3AvoSOZhs[/embed]„Цел све е вознемирен поради можните последици од соборувањето на рускиот авион. И покрај вашите тврдења, авионот не го прекршил воздушниот простор бидејќи се наоѓал на сириска територија во мисија против терористичката група „Исламска држава“, прочитал Лафазанис дел од писмото.
Учесниците на протестот потсетиле на тоа колку пати дневно турските авиони го нарушиле воздушниот простор на Грција.
„Можеби Грчките пилоти треба да го следат лудиот пример на турските официри и да ги соборат сите авиони кои секојдневно го кршат воздушниот простор над нашата земја“, порачале демонстрантите.