(ВИДЕО) ХЕРОЈ: Млад Евреин уби терорист во Тел Авив
Објавено во: Свет 02 Октомври, 2024
Лев Крејтман опуштено јадел шницли во ресторан во Јафа кога слушнал пукотници. Тој без двоумење истрчал кон трамвајската станица каде двајцата терористи пукале и ги боделе луѓето што минувале покрај нив.
Лев го извадил пиштолот и пукал, убивајќи еден од нив. На платформата Икс се појави и видео на кое Лев трча во сандали и пука, принудувајќи го другиот терорист да побегне.
Лев потоа се погрижил за повредените додека не пристигнала итната помош. Полицијата подоцна потврди дека седум лица загинале, а 11 се ранети во терористичкиот напад, кој се случил само неколку минути пред почетокот на иранскиот напад врз Израел.
Зборувајќи за Дејли Мејл, Лев го опишал својот херојски чин.
„Живеам веднаш над трамвајската станица во Јафа, штотуку завршив со работа и бев гладен затоа што немав ништо дома. Се симнав долу во ресторанот за шницли и тогаш слушнав пукање“, рекол Лев и објаснил дека служел во Газа во последните шест месеци.
Пред една година, за време на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, Лев бил во близина на фестивалот Нова, кој беше нападнат од членови на Хамас. Оттаму извлекол 20-ина млади луѓе со кои побегнал од напаѓачите.לב קרייטמן, מנכ"ל מידברן, חיסל הערב מחבל ביפו. בכפכפים.
— Nava Rozolyo נאווה רוזוליו (@rozolyo) October 1, 2024
המציאות פה עולה על כל דמיון. pic.twitter.com/tAo9ApZwGI
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.