(ВИДЕО) ХУМАН ГЕСТ НА КОЧАНЧАНЕЦ: Кој ќе уплати 30.000 денари на сметка на Леонид, слободно нека дојде да го земе скутерот
Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2024
Благојчо Ѓоргиев од Кочани и покрај својот здравствен проблем реши да го продаде својот скутер за хендикепирани, а парите да ги донира за лекување за младиот Леонид Индов, кој неколку недели е во Виена, но државата не одобрува пари за неговите третмани.
Во видео објавено на социјалната мрежа Фејсбук Ѓоргиев вели дека скутерот го добил како подарок од свој пријател од Белгија.
„Кој ќе уплати 30.000 денари на сметка на Леонид, минимум 30.000 денари, слободно нека дојде да го земе скутерот, ако му треба, нему или на некој близок. Нека го земе скутерот, јас ќе се туркам во инвалидна собна количка. Фала му на Бога, можам и со рацете да се туркам“, вели Ѓоргиев.
Хуманите граѓани се трудат да му помогнат на Леонид Индов.