16 Декември, 2025
0.0580

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ТИРАНА: Непознати напаѓачи го гаѓаа со јогурт и јајца Фреди Белери

Објавено во: Балкан 29 Октомври, 2024 17:30

Добивај вести на Viber

При посета на Тирана, непознати напаѓачи го гаѓале со јогурт и јајца  Фреди Белери, пратеник во Европскиот парламент од грчката партија Нова демократија,  јавуваат денеска грчките медиуми.

Белери допатува во главниот град на Албанија како член на делегацијата на Европскиот парламент, која се занимава со проценка на напредокот на Албанија кон членството во Европската унија, пишува порталот Катимерини.

Фреди Белери, етнички Грк, избран на почетокот на 2023 година за градоначалник на албанскиот град Химара, во јуни оваа година, додека ја издржувал казната во албански затвор, дознал дека бил избран и за грчки член на Европската Парламентот.

Во март лани, тој е прогласен за виновен пред судот во Албанија за купување на гласовите на осум гласачи по цена од 335 евра за време на изборите за градоначалник на албанскиот приморски град Химари.

Белери се изјаснил за невин, ветувајќи дека ќе ја продолжи својата правна битка низ сите нивоа на албанскиот судски систем, како и во Европскиот суд за човекови права во Стразбур.


Кабинетот на албанскиот премиер Еди Рама соопшти дека премиерот нема да учествува на средбите со парламентарната делегација на ЕУ, што значи дека очекуваната прва средба лице в лице на Рама со Белери нема да се случи. 

Грција првично беше против тоа Албанија да почне преговори со ЕУ, но потоа го смени ставот. Албанија неодамна почна преговори со ЕУ. 

Во Албанија скоро имаше и инциденти во Собранието. Пратеници палеа кука со ликот на Рама, столчиња и слично. 

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата