Видео Клик Плус: Без СЈО нема стабилност во Македонија, ни Трамп ни ВМРО не може да го сопре
Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2017 13:44
Во најновата дебатна емисија Клик Плус на ТВ21 се разговараше за судбината на Специјалното јавно обвинителство кое и ДУИ меѓу другите барања од Сеалбанската платформа го наметна како клучен услов за формирање на новата владина коалиција. Според учесниците во дебатата продолжувањето на мандатот на СЈО ќе биде неопходно за да се реши политичката криза во Македонија и тоа е реалност од која не може да се побегне, без оглед што сега ВМРО-ДПМНЕ категорично одбива да го прифати.
Професорот и политичар Љубомир Фрчковски смета дека СЈО може да добие продолжен мандат со обично мнозинство во Собранието, а исто така и сите закони кои ги побара Катица Јанева, како тој за заштитени сведоци, може да се изгласа на идентичен начин и тоа ВМРО-ДПМНЕ не може да го сопре. Инаку, Фрчковски смета дека за заокружување на овој процес неопходен е и реизбор на судии и тоа под меѓународен мониторинг.
ДУИ освен што побара нов мандат за СЈО исто така стои зад Сеалбанската платформа, па речиси за прв пат политичар од редовите на СДСМ проговори за нејзината поставеност. Професорот, а сега и пратеник Ферид Мухиќ смета дека таа пред се служи како алиби на ДУИ.
Секако, дебатата на Клик Плус не можеше да помине без анализа и на новиот американски претседател Доналд Трамп и дали неговото владеење може нешто суштински да промени во Македонија, особено што многу провладини поддржувачи сметаат дека со негова поддршка може и да се укине СЈО. Сепак, професорот Владо Поповски смета дека Трамп во моментов има далеку поголеми проблеми.
Целата дебатна емисија Клик Плус на темата за позицијата на СЈО и сите политички предизвици во овој период може да ја погледнете во продолжение.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




