Видео Клик Плус: Македонија „бега“ од ЕУ и НАТО или „странците“ премногу се мешаат
Објавено во: Македонија 24 Декември, 2016
Новата дебата Клик Плус на ТВ21 донесе соочување на политичкит аналитичари и новинари Цветин Чилиманов, Исмет Рамадани, Александар Даштевски и Митко Јованов кои ги спротиставија ставовите околу тоа дали Македонија „избега“ од интеграциите во ЕУ и НАТО, а владејачката партија наметна анти-американска реторика против амбасадорот Бејли, но и против останатите странски дипломати.
Од друга страна Чилиманов се сомнева дека ангажманот на Бејли е во согласност со политиката на Вашингтон, бидејќи се очекува смена на администрацијата со новиот претседател Трамп.
Митко Јованов посочи дека нема така лесно да се пројде двојазичност или некаква федерализација што ќе значи промена на Уставот, а за тоа се потребни двотретински гласови во парламентот и потсети на Мајскиот договор на Груевски со Ахмети и дека одредена форма на компромис е одамна прифатена.
Александар Даштевски пак, вели дека одамна го критикувал меѓународното мешање на дипломатите во внатрешните прашања бидејќи ситуацијата дополнително се комплицирала, особено во Пржинскиот процес.
Исмет Рамадани пак, вели дека е разочаран што ниту еден висок државен функционер како Претседател на држава, министер за надворешни работи или Премиер не реагирале институционално за сите негативни говори кон странските дипломати.
Целата дебата на Клик Плус на ТВ21 погледнете ја во продолжение.