Видео Клик Плус: На Македонија и треба политички ремонт, а двојазичноста нема да помине
Објавено во: Македонија 23 Декември, 2016
Во вчерашното издание на Клик Плус на ТВ21 имаше жестока дебата околку актуелните клучни прашања кои висат во воздух од самиот почеток на предизборната кампања, а тоа се дали ќе има решавање на политичката криза, кој ќе формира влада и дали стравот кој го наметна ВРМО-ДПМНЕ дека во Македонија се планира воведување на федералицација и двојазичност навистина е остварлив.
Екс пратеничката Солза Грчева смета дека е практично невозможно, ниту во сегашниот пратенички состав да се изгласа двојазичност на целата територија на Република Македонија.
Аналитичарот и политички активист на ГДОМ, смета дека е доволна двојазичноста во Скопје и во одредени државни институции. Пандов исто вели дека албанските партии во Теарце ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и со тоа ќе бидат потврдени првичните изборни резултати.
Новинарот и колумнистот Агим Јонуз, пак од своја страна смета дека на Македонија и е потребен итен политички ремонт.
Владимир Куновски, смета дека ДУИ уште пред почетокот на ВМРО-ДПМНЕ им дале ултиматум за формирање на нова влада, а барањата се едни од најтешките досега.