Видео Клик Плус: Политичарите молчат, експертите дебатираат - Ќе има ли влада со Груевски и Ахмети?
Објавено во: Македонија 26 Јануари, 2017 15:23
Во новото издание на дебатната емисија Клик Плус главното прашање е ќе има ли влада со Груевски и Ахмети, рокот за можен договор е се пократок, а тоа ја загрижува јавноста од можна продолжена политичка криза која ќе се продлабочи доколку мандатот не биде искористен.

Што ако Груевски ќе мора да го врати мандатот, дали тогаш решение ќе се бара кај Заев и дали тој има подобри шанси да коалицира со албанските партии. Во Клик Плус своите ставови ќе ги судрат Есад Рахиќ, Алајдин Демири и Тони Науновски.
Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ добија и меѓународен притисок, неопходно е новата влада да биде стабилна, цврста и одговорна која ќе се посвети на реформи, имаат ли капацитет за тоа?
Голем предизвик и натаму се барањата од Сеалбанската платформа, дали албанските партии ќе останат доследни за нејзино имплементирање?
Одговорите ќе ги добиете вечерва од 21:30 часот на Клик Плус која се емитува на ТВ21.
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




