Видео Клик Плус: Рокот истекува, ќе се најде ли „јунак“ за албанските барања
Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2017 16:27
Во вчерашното дебатно издание на Клик Плус емисијата на ТВ21 се водеше жестока дебата меѓу Есад Рахиќ, Алјадин Демири и Тони Науновски. Главната тема е може ли да се излезе во пресрет на сите барања кои ДУИ ги застапува од албанската платформа, како и дополнителните услови за прифаќање на продолжен мандат на СЈО и на исклучување на функционери кои се осомничени во новиот состав на влада.

Учесниците дебатираа дали може да се формира нова влада и како таа ќе функционира.
Според Есад Рахиќ се потешко е да се исполнат барањата на Албанците најмалку од страна на Груевски, па затоа претпоставува дека шанса ќе добие Заев кој преку кампањата и својата програма најмногу зборуваше за суштинските проблеми на Албанците, а тоа не се етничките права, туку економските и социјалните.
Сепак, смета дека за прифаќање на сите барања од платформата на ДУИ, Алијансата и БЕСА е потребно двотретинско мнозинство за менување на уставот што е речиси невозможно.
Тони Науновски, функционер, професор и аналитичар, пак имаше најрадикални ставови посочувајќи дека изборите биле нелегални поради ангажираноста на СДСМ и на албанските активисти кои вршеле поткуп на гласачи. Исто така проблематичен бил и Пржинскиот договор кој наметна лоша атмосфера за водење политика.
Алајдин Демири пак, најмногу застана во одбрана на принципиелните барања од албанската платформа и смета дека примената на двојазичност на целата територија на Македонија ќе биде придобивка, а не проблем.
Во меѓувреме односите меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се заострени и сеуште нема јасни информации дали е можен договор до недела или пак мандатот на Груевски ќе пропадне.
Во продолжение погледнете ја и целосната жестока дебата на Клик Плус на ТВ21.
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




