Видео Клик Плус: „Странците“ ги чуја заканите, дипломатите и Иванов претивки за време на криза
Објавено во: Македонија 23 Декември, 2016
Во новата на емисија Клик Плус на ТВ21 вечерва од 21:30 часот ќе може да погледнете уште една „сочна“ дебата околу прашањето дали заканите кон меѓународните претставници и амбасадори излегоа од контрола или пак, „странците“ премногу се мешааат во внатрешните прашања на Република Македонија.
За политичката криза на која сите се надеваат дека и се ближи крајот ќе дебатираат Цветин Чилиманов, Исмет Рамадани, Александар Даштевски и Митко Јованов, па очекуваме доста различни и спротиставени мислења.
Во поглед на загриженоста на меѓународната заедница доволно говорат реакциите на Стејт департментот и Европската комисија, но дали тие допреа до македонските политичари, особено кај дипломатите и Ѓорге Иванов, претседателот на Република Македонија.
Одговорите и ставовите на овие прашања погледнете ги вечерва од 21:30 часот на Клик Плус на ТВ21.