21 Мај, 2024
0.0254

(ВИДЕО) Македонскиот ас Перо Антиќ приведен во Њујорк!

Објавено во: Стил 08 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Очигледно со тешки моменти се соочува првиот македонски ас во НБА лигата, Перо Антиќ, после ужасниот инциент кој се случил синоќа пред њујоршки ноќен клуб и во истиот е прободен Крис Коупленд, играчот на Индијана пејсерс.

Имено, тој и уште еден соиграч Табо Сефолоша се нашле во рацете на полицијата во Њујорк а се приведени поради попречување на истрагата и агресивно однесување.

Во ноќта, вторник наспроти среда, тие двајцата буле присутни во клубот „Оак“. Полицијата ги привела во 4 часот наутро бидејќи ги спречувале полицајците да го обележат местото на злосторството, при што кошаркарот на Индијана, Крис Копленд бил прободен со нож, а неговата придружничка била расечена. Антиќ е обвинет за непримерно однесување и заканување, додека Сефолоша кон обвинувањето за непримерно однесување ќе добие и тужба за противење при апсење.

- Запознаени сме со ситуацијата во која се нашле Перо Антиќ и Табо Сефолоша ова утро. Сега сме во процес на собирање на повеќе информации и во соодветно време ќе објавиме повеќе детали,- изјавил Гарин Нараин, потпретседател на Атланта, задолжен за односи со јавноста.

(На видеото се гледа како Коупленд лежи во крв и чека помош – прва снимка од инцидентот по кој беше приведен и Антиќ)

Напаѓачот на Копленд е идентификуван како Шизој Блири, на возраст од 22 години. Засега не е познато каква улога имале Антиќ и Сефолоша во самиот инцидент, и дали воопшто биле инволвирани во него. Играчите на Атланта биле во Њујорк затоа што нивниот тим денес треба да игра со Бруклин, додека играчот на Индијана требало вечерва да настапи против Њујорк. Де факто, ошаркарите на Атланта се уапсени само четири часа по одигрувањето на мечот со Феникс, во кој што ја забележаа 58 победа оваа сезона, рекордна во историјата на клубот, а имаат уште пет меча од регуларниот дел на сезоната пред да ја започнат плеј-оф фазата како првопласирани во Источната конференција.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“