17 Декември, 2025
0.0695

ВИДЕО) МАСКИРАНА МРЕЖА ВО „ХАЈАТ“: Хотелот овие денови практично кинеска територија

Објавено во: Балкан 17 Декември, 2014 12:52

Добивај вести на Viber

 Хотел „Хајат“ наредните денови ќе биде буквално кинеска територија во центарот на Белград, а премиерот Ли Кецијанг единствен шеф на државите учеснички на самитот кои ќе престојуваат во него.

Поради доаѓањето на Кецијанг на самитот на Кина и 16 земји од источна и централна Европа,  „Хајат“ деновиве е под досега не видени мерки на обезбедување. Никој освен вработените не може да биде близу до зградата, а не па внатре. Покрај хотелското обезбедување, таму е и српската полиција во униформи и цивилки, но и припадници на кинеското министерство за државна безбедност, односно тајна служба. Пред влезот е поставена темно-зелена завеса која всушност треба да го затвори погледот како не би се видело кога кинескиот премиер влегува и излегува од хотелот.

Ли Кецијанг е единствен државник кој во „Хајат“ ќе има билатерални средби, односно хотелот овие неколку дена ќе биде негова резиденција. Тој е сместен во претседателскиот апартман со површина од 202 квадрати.

Премиерите на останатите земји ученички на самитот и нивните делегации се во хотелот „Фалкенштајнер“, каде дури ни на паркингот не може да пријде некој кој не е гостин на хотелот. Во хотелот „Краун плаза“ велат дека кај нив воглавно се сместени гости од Кина, пренесува српски „Блиц“.

-Тоа се економски делгации и претставници на водечки кинески компании „Чајна машинери енд инжинеринг корпорејшн“, „Чајна роуд енд бриџ“, „Гезхоуба“, „Хуавеј“, „Чајна ер“, „Чајна дивелопмент банк ...Специјалните барања кои ги имале се однесувале на порано влегување во соба - наведуваат во „Краун плажа“. Додаваат дека е барано и многу свежо и цедено овошје, а како би им се излегло во пресрет на кинеските гости, хотелот обезбедил и готвач од Кина, но ќе им бидат понудени и јадења од Србија.

На Белградскиот аеродром вчера прв  во минута после 16 часот слета словенскиот премиер Миро Церар, кој го дочека потпретседателската на Владата на Србија Зорана Михајловиќ, која воедно е и шеф на организациониот одбор на самитот. Таа потоа ги дочека премиерите на Црна Гора, БиХ, Литванија и други земји.

Престолнината, а посебни нејзиниот новобелградски дел, претходните денови забрзано се подготвуваше за претстојниот самит. Се поправале и чистеле улици, се уредувало зеленилото, се собирале листови, а засветел и Сава центарот, каде ќе биде отворен самитот и каде ќе се одржуваат панели.

Долж новобелградските булавари на бандерите се поставени знамињата на Србија и Кина, а слично е долж автопатот до аеродромот „Никола Тесла“. На зградата над ресторанот „Новак“ (во сопственост на семејството Ѓоковиќ), на просторот каде семејството Ѓоковиќ се огласува по разни поводи (раѓањето на детете на Новак Ѓоковиќ, посетата на Владимир Путин на Србија), осамна и билборд „Србија повторно станува центар на светот“, со знамињата на Србија и Кина, како и знамиња на земјите ученички на самитот.

На Нов Белград, во период од 14 до 21 часот , наизменично ќе бидат затворени поедини улици по кои ќе се движат учениците на кинескиот самит. Од МУП соопштиле дека за време на минувањето на возилата со делагациите сообраќајот ќе биде запрен во две насоки на градските улици, а на автопатот коловозната лента по која ќе се движат претставниците на кинескиот самит, и која по проаѓањето на автомобилите со заштитените личности ќе биде повторно отворена.

(ВИДЕО-ФОТО : блиц.рс)

ДОСИЕ КИНА: Пекинг со полн куфер кредити дојде во Белград, ќе се офајди ли Скопје?

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата