(ВИДЕО) МИЛИОНИ ЛУЃЕ СЕ ЗАГРОЗЕНИ: Вухан е пред нова катастрофа
Објавено во: Свет, Корона Вирус 21 Јули, 2020
На кинеската провинција Вухан ѝ се заканува нова катастрофа.
Браната „Три клисури“ која е најголема во светот, го достигна максимумот и сега е на само 11 метри од критичната точка, пишуваат локалните медиуми.
Ова се случува поради поројните дождови и прелевањето на реката Јангце.
„Гардијан“ објави дека властите на централна Кина разнеле брана на реката Чу во провинцијата Анхуи, која е притока на Јангце, за да се ослободи дотечената вода.
Уништувањето на браните за да се ослободи вода е екстремна мерка што беше применета во Кина за време на големите поплави во 1998 година, кога загинаа над 2.000 луѓе.
Тогаш беа уништени скоро 3 милиони куќи.
На почетокот на јули, Вухан беше под вода.
Поплавите во Кина во текот на овој месец уништиле повеќе од 12.000 куќи, оштетиле 380.600 хектари посев и на различни начини погодиле повеќе од 20 милиони жители.
Експертите се плашат дека Кина ќе се соочи со недостиг на храна доколку властите во наредните неколку недели не се изборат со поплавите.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.