19 Декември, 2025
0.0698

ВИДЕО: МВР го отрки бункерот на шверцерите на цигари

Објавено во: Мои пари 05 Април, 2014 12:00

Добивај вести на Viber

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, продолжувајки и со активностите за целосно расчистување и документирање на криминалoт на организираната група криумчари, која беше разоткриена на почетокот на месецов, поточно на први април, во обид нелегално да пренесат поголема количина цигари од Р.Македонија во Р. Бугарија ги откриени местата, односно гаражите каде што биле полнети возилата со цигари. На тие места биле вршени и модификациите на возилата за да бидат сокриени цигарите, а при преземените дополнителни дејствија утврден е и начинот на работење како и хиерархиската структура на оваа група. Откриени биле и одземени уште вкупно 790 кутии цигари (730 од марката „Мерилин“ и 40 кутии од марката „ЛД“),  две патнички и две теренски возила, 14 патрони за ловна пушка, како и телефонски апарати, сим картички и тефтер за евиденција за должничко-доверителски односи на физички лица. Според истрагата на МВР, групата започнала со криминални активности во 2012 година, а нејзини организатори се три лица од кои едно од Крива Паланка, едно од село Драмче и едно од село Копаница. Тие со цел стекнување со противправна имотна корист ја организирале криминалната група за криумчарење акцизна стока-цигари од Р.Македонија во Р.Бугарија, односно нелегално пренесување на истите преку граничната линија користејќи ги легалните премини и т.н „диви премини“ на зелената линија кон државната граница со Р.Бугарија, вклучувајќи ги во групата и другите четири лица во различните фази на нивното криминално делување. Сите тие делувајќи организирано со посебни задолженија во посочениот двегодишен временски период организирале повеќе транспорти. Тоа го правеле на тој начин што по претходен меѓусебен договор и договор со засега непознати бугарски државјани, најпрво на посебни локации полнеле возила со бугарски национални ознаки со цигари (со и без акцизни маркици). Притоа речиси секогаш користејќи по две возила, од кои едното задолжено за обезедување на возилото со кое се пренесувале цигарите, ги транспортирале во Р.Бугарија. Од досега превземените мерки и активности утврдено е дека членовите на оваа криминална група за периодот од 2012 до 2014 година организирале пет транспорти и прокриумчариле вкупно 34.450 кутии цигари од марките „Трокадеро“, „Јорк“ и „Мерилин Слим“, при што се стекнале со противправна имотна корист во вкупен износ од 5.300.000 денари. Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, по дополнително обезбедени криминалистичко-разузнавачки информации и Наредби за претрес од надлежен Судија за претходна постапка, извршил вкупно 15 претреси во дом и други простории на подрачјето на Крива Паланка и Делчево. Досега до Основното Јавно Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, поднесена е кривична пријава против седум лица на возраст од 22 до 30 години, од кои петмина од Крива Паланка а по еден од село Драмче, делчевско и село Копаница, кривопаланечко. Тие се сомничат за кривичните дела – “злосторничко здружување“ и “криумчарење“. Судија за претходна постапка на петмина од пријавените им изрече мерка притвор во траење од по 30 дена. http://www.youtube.com/watch?v=OYYwed5_nEI

Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција