27 Декември, 2024
0.0401

(ВИДЕО) МВР со детали и три прекршочни за Спасов

Објавено во: Македонија 03 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Три прекршочни пријави ќе добие дополнителниот заменик министер Диме Спасов.

МВР денеска пред јавноста ги истакна деталите од истрагата .

Прекршочните се однесуваат за напуштање на местото на сообраќајна незгода, непостапување по барањата на полициските службеници и за неприспособување на брзината на возилото на условите во сообраќајот.


Како што информираше министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски констатирано е дека возилото „фолксваген туарег“ било управувано од лицето Д.С.

„Откако возилото „туарег“ било застанато, констатирано е дека во автомобилот имало сопатник, поточно лицето Т.К., кое не дало исказ дека имало претходни закани и тропање по автомобилот. Бидејќи не станува збор за кривично-правен настан, против овие лица нема да биде поднесена кривична пријава за лажен исказ бидејќи штетата од настанот не е доволно висока за да следува кривична пријава“, рече Спасовски.

Спасовски рече и дека постојат аудио и видео записи дека Спасов го управувал возилото и дека не бил ниту бркан ниту пак нападнат од кого било.

„Лицата кои го пријавија дополнителниот заменик министер Диме Спасов, цело време додека возеле зад него зборувале со службеникот на МВР на бројот 192 каде и пријавиле дека некој им го удрил возилото. Сите разговори се снимаат и се зачувани“, изјави Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Финансиската полиција го уапси Артан Ајрули за набавка на телевизори во Државна лотарија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Финансиската полиција го уапси Артан Ајрули за набавка на телевизори во Државна лотарија

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор