(ВИДЕО) Научник кој работеше на вакцина против коронавирусот е најден мртов
Објавено во: Свет, Корона Вирус 21 Декември, 2020
Рускиот научник 45-годишниот Александар Саша Кагански кој работел на вакцината против коронавирус е пронајден мртов.
Тој е пронајден мртов во Санкт Петербург и е најпознат по својата работа на борбата против ракот. Бил во долна облека кога паднал од прозорецот од својот стан на 14. кат, објавија руските медиуми. Тој наводно имал и убодна рана во телото. Неговото тело го пронашол соседот на улица, а полицијата верува дека дошло до тепачка пред Кагански да падне од зграда. Истрагата е во тек, а руската полиција соопштила дека смртта на научникот се истражува како убиство. Полицијата го привела и 45-годишниот осомничен маж и испитувањето е во тек. Кагански бил асистент на професор во Владивосток, а 13 години работел во Единбург. Инаку, нов сој на коронавирусот е откриен во повеќе земји, при што тој прво е регистриран во Британија. Повеќето земји, ги прекинаа авионските летови кон оваа земја.
Македонија го стори истото со цел да се заштити.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.