(ВИДЕО) НИГЕРИЈА „ПЛАМНА“ : Со месеци имале друг сој на коронавирусот различен од оној во Британија
Објавено во: Свет, Корона Вирус 24 Декември, 2020
Мутирана верзија на коронавирусот која е различна од британската во Нигерија постои со месеци.
Тоа е различна варијанта од оние во Велика Британија и Јужна Африка. Националниот координатор на Претседателската работна група (ПТФ) за коронавирус д-р. Сани Алију, откри дека е во контакт со професорот Кристијан Хапи, кој заедно со Ајфи Аниебо водел група да спроведе студија, каде откриле дека мутираната верзија на вирусот ковид-19 постои во Нигерија со месеци. Шефот на африканските центри за контрола и превенција на болести, Џон Нкенгасонг, додаде дека е потребно да се направи понатамошна истрага. Нигерискиот центар за контрола на болести и африканскиот центар ќе анализираат одреден број примероци. Во Африка сега има повеќе од 2,5 милиони потврдени случаи на коронавирус, или 3,3 проценти од глобалните случаи. За четири седмици инфекциите низ континентот се зголемија за 10,9 проценти. Има скок од 52 проценти во Нигерија и 40 проценти во Јужна Африка. Во светот досега се потврдени скоро 80 милиони заразени со коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.