19 Декември, 2025
0.0736

(ВИДЕО) Новата Алфа Ромео Џулиета претставена во Македонија

Објавено во: Мои пари 03 Април, 2014 20:00

Добивај вести на Viber

Новата Giulietta од брендот на Alfa Romeo пристигна во Македонија. Новата Giulietta е чистокрвен Alfa Romeo автомобил докажувајќи дека 'моќност' може да биде исто што и 'ефикасност', 'елеганција ' исто што и 'удобност' а 'компактност' исто што и ' забавно'. Тајната на овие перформанси се постојаните технолошки иновации кои врвниот израз го доживуваат со Giulietta. Giulietta е првиот автомобил од групацијата Фиат Крајслер во кој е применета иновативната компактна архитектура, истовремено лесна и издржлива, овозможува да се постигнат супериорни динамични перформанси и извонредно ниво на комфорт. Напредните технолошки решенија како Dual Pinion активниот управувачот, Q2 електронски диференцијал и TCT менувачот овозможуваат несекојдневно задоволство во возењето. Уживањето во возењето и комфорот се прилагодуваат на потребите на најпребирливите клиенти и тоа благодарение на Alfa DNA селектор со три set-up функции (Dynamic, Normal и All Weather), уред кој го прилагодува однесувањето на возилото во зависност од условите на патот и од стиловите на возење. Во надворешноста новата Giulietta има нов изглед на решетката напред и редизајнирани хромирани рамки на магленките. Нови бои зa да се нагласат динамичните линии и нови алуминиумски тркала од 16, 17 и 18”. Внатрешноста е целосно променета со нови комбинации на бои и материјали, пријатни на допир и на изглед: нови панели на вратите и рачки, нови вметоци на централната конзола и на командната табла. Дизајниран за да го надополни уживањето во возењето и идеално вграден во дизајнот на возилото е иновативниот мултимедијален уред Uconnect е достапен со 5" или 6.5” екран на допир. И двете верзии се опремени со Bluetooth, Aux-in, USB и гласовни контроли. Со Uconnect Nav со 6.5” touch-screen, купувачот на Alfa Romeo Giulietta има на располагање сателитска навигација во 3D птичја перспектива, напредно насочување и функција ‘One Step Voice entry Destination’ со гласовни команди. Гамата на турбо мотори кај Giulietta се одликува со високи перформанси и ефикасност во потрошувачката а со намалено ниво на издувни гасови . Во Македонија гамата ги опфаќа моторите 1.4 TB 120 КС , 1.6 JTDM 105 КС и новиот 2.0 JTDM 150 КС. Моторот 150 КС 2.0 JTDM за првпат се појавува на новата Giulietta. Опремен е со системот за вбризгување MultiJet од втора генерација . Вака опремена, новата Alfa Romeo Giulietta гарантира: максимална брзина од 210 km/h, забрзување од 0 до 100 km/h за 8.8 секунди, 4.2 l/100 km потрошувачка на гориво и емисија од 110 g/km на CO2 (комбиниран циклус). Понудени се две нивоа на опременост: Progression и Distinctive. Alfa Romeo за лансирањето овозможи понуда специјално прилагодена на барањата на македонските алфисти: верзијата Progression со дизел мотор 1.6 JTDM 105 КС е достапна по специјална цена од 18,490 Евра и вклучува VDC ( со Hill Holder + MSR+ASR+Brake assistant) и Q2 електронски диференцијал, 6 воздушни перничиња, Alfa DNA селектор + TCT менувач, радио UCONECT со 5 " touchscreen + bluetooth + USB + AUX-in, Alfa Climate Control, Start & Stop, тркала од лесна легура Sport 205/55 R16, управувач со аудио и телефонски команди, Cruise Control и многу друго. http://www.youtube.com/watch?v=SpPllS89nGk

Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција