(ВИДЕО) ОДЕКНАА ЕКСПЛОЗИИ: Украинците го нападнаа Кримскиот мост
Објавено во: Свет 06 Декември, 2024
Украинците го нападнаа Крим, a затворен e мостот во чија близина одекнуваат експлозии.
Украинските сили го гаѓале градот Керч на полуостровот Крим со дронови, а жителите пријавиле дека слушнале експлозии. Ударот наводно се случил во близина на бродоградилиштето Залив, а пожари се регистрирани и во областа Аршинчево.
Локален веб-сајт објави дека за време на нападот биле активирани системи за противвоздушна одбрана во теснецот Керч.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека руската воздушна одбрана пресретнала украински дрон над Крим и дека поморските сили уништиле два брода без екипаж во Црното Море.
Керч е еден од најголемите градови на Крим и служи како клучен индустриски, сообраќаен и туристички центар. Крим е под руска контрола од неговата анексија во 2014 година. Русија и Белорусија ќе склучат договор за меѓусебни безбедносни гаранции во интерес на двете земји, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува агенцијата РИА.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.
фото EPA-EFE/ALEXEY NIKOLSKY / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT
Crimea. Since 04:49, traffic on the Crimean Bridge has been blocked due to an attack by our naval drones. Official Crimea reports that two drones have been destroyed, but the attack continues. pic.twitter.com/YeKWIApulc