22 Јануари, 2025
0.0298

(ВИДЕО) Остануваат неколку години: На светот му се заканува катастрофа?!

Објавено во: Мои пари 11 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Цел свет има само неколку години време да ги спречи катастрофалните последици од климатските промени кои ќе донесат екстремни временски непогоди и делови од светот ќе ги направи невозможни за живот, предупредува новиот клучен документ на ОН.

Во извештајот кој е составен од 772 научници, се истакнува дека емисијата на штетни гасови, ако не се намалат под итно, ќе резултираат со значајно подигање на нивото на морињата и големи промени во температурите кои драматично ќе влијаат врз животот на луѓето и екосистемите.

-Забележаните влијанија на климатските промени веќе се доста раширени и значајни - пишуваат членови на Меѓудржавниот панел за климатски промени (IPCC) во документот објавен во понеделникот во Јокохама во Јапонија.

Извештајот е најсериозното и најгласното предупредување кое до сега е изнесено од „IPCC“ .

Според него климатските промени веќе се на дело, и очигледно се закануваат со ширење на разни болесто во Африка, материјални штети и изгубени животи поради шумски пожари во Северна Америка, како и намалување на производството и квалитетот на храната во Јужна Америка.

- Ако температурите пораснат за четири степени, како што предвидуваат некои модели, ќе дојде до драсични промени во земјоделството - нагласува американска експертка.

Левин вели дека властите, освен во чистата енергија, исто така би требало повеќе да вложуваат во подготовката за последици од климатските промени. Така, на пример, некои заедници би требало да се преселат во помалку опасни подрачја, а би требало и да ги зајакнат различните служби за пружање на поддршка, посебно за сиромашните.

Се поблиску сме до кобниот ден

Според IPCC, светот е многу блиску до моментот во кој ќе биде прекасно. Просечните температури во однос на прединдустриското време ќе пораснат за два степени Целзиусови. Џон Левин предупредува дека, ако ја поминеме оваа граница ќе се соочиме со големи промени во системите и ќе живееме во непознат свет со страшни последици.

И.Р

   

Можеби ќе ве интересира

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ

Револуционерни зафати во Клиника Жан Митрев – минимално инвазивна замена на протеза на митрална валвула

Револуционерни зафати во Клиника Жан Митрев – минимално инвазивна замена на протеза на митрална валвула

НА ПАТ КОН ПОЧИСТА ИДНИНА – КОМПАНИЈАТА ЕЛЕКТРО ЕКО ГРИЖА ГО ОЛЕСНУВА РЕЦИКЛИРАЊЕТО НА ЕЛЕКТРИЧЕН ОТПАД

НА ПАТ КОН ПОЧИСТА ИДНИНА – КОМПАНИЈАТА ЕЛЕКТРО ЕКО ГРИЖА ГО ОЛЕСНУВА РЕЦИКЛИРАЊЕТО НА ЕЛЕКТРИЧЕН ОТПАД

Xiaomi го проширува портфолиото на AIoT со нови производи: Redmi Buds 6 сериja, Redmi Watch 5 и Xiaomi Power Bank 10000

Xiaomi го проширува портфолиото на AIoT со нови производи: Redmi Buds 6 сериja, Redmi Watch 5 и Xiaomi Power Bank 10000

United Group влегува во производството на обновлива енергија со почетна инвестиција од 120 милиони евра во Бугарија

United Group влегува во производството на обновлива енергија со почетна инвестиција од 120 милиони евра во Бугарија

Xiaomi најави лансирање на серијата Redmi Note 14 на пазарот во Северна Македонија

Xiaomi најави лансирање на серијата Redmi Note 14 на пазарот во Северна Македонија

Врвни перформанси и извонредно визуелно искуство со Galaxy телефоните и таблетите

Врвни перформанси и извонредно визуелно искуство со Galaxy телефоните и таблетите

ФДА одобри комерцијализација на никотинските кесички ZYN во САД

ФДА одобри комерцијализација на никотинските кесички ZYN во САД