(ВИДЕО) Ова е најдраматичната снимка од пожарите во Грција
Објавено во: Балкан 28 Јули, 2018
Во шумските пожари кои од понеделник беснеат во Грција засега загинале над 80 граѓани, уништеи се куќи, прекинато главни сообраќајници, а бројни жители се принудени да ги напуштат своите домови.
Состојбата и понатаму не се смирува, а бројни жители и туристи уште се водат како исчезнати. Грците се опоравуваат од шокот поради ситуацијата во која жртви живи изгореле во незапамтена трагедија.
На Јутјуб така се појави драматично видео во кое од прва рака се гледа силната огнена стихија . Имено, непознат маж објавил снимка од пожарите кои беснеат од неговата куќа и јасно е покажан огнот кој во само три минути ја проголтал шумата. Несреќниот човек веројатно се спасил бегајќи во гаражата.