15 Октомври, 2024
0.0258

(ВИДЕО) ПРЕКИНЕТЕ СО ПОПУЛИЗМОТ ВО ЕКОНОМИЈАТА, БИЗНИСОТ Е НАЈВАЖЕН - Моќни пораки во Декларацијата на Стопанската комора

Објавено во: Економија 18 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Нефункционирањето на правната држава, непочитување на пазарните вредности, севкупната политизација на секоја пора од општеството и доминацијата на интересот на политичките партии над државниот интерес ја носат државата кон економски пропаст. Овој заклучок на бизнис секторот е наведен во Декларацијата за општествен консензус и за економски реформи, политики и мерки што ја донесе Стопанската комора на Северна Македонија по повод својата стогодишнина. Во неа бизнисот бара враќање од „партиската“ кон „државната агенда“, зашто како што стои во Декларацијата, ваквата ситуација е неодржлива и на долг рок води кон економска пропаст на земјата.

Од Стопанската комора велат дека Декларацијата е водич за успешна и одржлива економска реформа во која се бара економската политика да се стави над сите партиски приоритети. Ставовите кои се наведени во неа веќе се потпишани од над 300 најзначајни компании, МАНУ, сите државни универзитети, сите бизнис асоцијации. На ред се политичките партии. ВМРО-ДПМНЕ е првата парламентарна партија што ја потпиша Декларацијата минатиот месец.

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески ги повика сите парламентарни политички партии да ја потпишат Декларацијата бидејќи смета дека на тој начин сите релевантни општествени чинители би се согласиле дека во наредните 10 години приоритет ќе има економијата.

„Ние гледајќи ги сите работи, тргнувајќи од тоа дека создаваме пари од кои секој троши и се расфрла во оваа држава, решивме минатата година, на 100 годишнината наместо прослави да седнеме и да видими што е тоа што треба да го направиме. И нормално, донесовме една Декларација за која сите луѓе рекоа дека е визионерски документ во кој клучна точка е менувањето на менталитетот. Ова е направено така што секој збор има своја тежина и вистина. Време е да ги дефинираме приципите на соработка меѓу приватниот и јавниот сектор. Време е да ги обединиме нашите сили и да работиме заедно, било како компании, универзитети, академска заедница или политички партии, за да го оствариме нашиот заеднички потенцијал. Во наредните 10 години приоритет да и се даде на економијата“, вели Азески.

Стопанската комора во Декларацијата потсетува дека македонската економија остварува разочарувачки бавен раст.Од 1992 година наваму има реален раст на БДП од 1.7 отсто просечно годишно. Учеството на јавниот долг во БДП се зголеми од 23 отсто во 2008 година на 57,9 отсто на крајот на јуни 2023 година. Маневарскиот простор за нови задолжувања се стесни и земјата се соочува со ризикот да стане презадолжена доколку трендот на задолжување продолжи.

Македонија не успеа да го реформира својот образовен систем и не продуцира кадри со знаења и вештини што ги бара пазарот и новото време. Во текот на три децении Македонија не успеа да го заокружи квалитетното инфраструктурно поврзување, ниту во земјата ниту со соседните земји. Поради отсуство на конзистентен пристап земјата остана високо зависна од увоз на енергенси, а со тоа и подложна на силни ценовни удари без обезбедена алтернатива.


Можеби ќе ве интересира

Инвестиции во обновливи извори на енергија и целосна гасификација – клучни чекори кон енергетската транзиција

Инвестиции во обновливи извори на енергија и целосна гасификација – клучни чекори кон енергетската транзиција

Божидар Јанковски планира јавна понуда на акции за „Дајнерс клуб Македонија“

Божидар Јанковски планира јавна понуда на акции за „Дајнерс клуб Македонија“

СЕПАК НЕ ДОБИЈА СИТЕ ГРЕЕЊЕ: Еве каде нема услови за испорака

СЕПАК НЕ ДОБИЈА СИТЕ ГРЕЕЊЕ: Еве каде нема услови за испорака

СЕ МЕНУВА ТОПТАН БОРДОТ НА ДИРЕКТОРИ НА ПРИЛЕПСКИ ТУТУНСКИ КОМБИНАТ - Владата ќе одбере нови повереници, имињата засега се во тајност

СЕ МЕНУВА ТОПТАН БОРДОТ НА ДИРЕКТОРИ НА ПРИЛЕПСКИ ТУТУНСКИ КОМБИНАТ - Владата ќе одбере нови повереници, имињата засега се во тајност

„ИМА ПЛАТА, СО ЗДРАВЈЕ ДА ЈА ТРОШИТЕ“: Директорот на „Национални шуми“ се пофали дека пуштиле плата на вработените за септември

„ИМА ПЛАТА, СО ЗДРАВЈЕ ДА ЈА ТРОШИТЕ“: Директорот на „Национални шуми“ се пофали дека пуштиле плата на вработените за септември

Продолжен викенд секоја недела, повеќето луѓе го сонуваат - во Хрватска станува реалност

Продолжен викенд секоја недела, повеќето луѓе го сонуваат - во Хрватска станува реалност

МОЖНО Е ЗАТВОРАЊЕ НА ФАБРИКИ: шефот на „Стелантис“ предупредува на напредувањето на конкуренцијата

МОЖНО Е ЗАТВОРАЊЕ НА ФАБРИКИ: шефот на „Стелантис“ предупредува на напредувањето на конкуренцијата

ЕВЕ ШТО ЗАПЛЕНИЛА ЦАРИНАТА: Помеѓу запленетите работи има лекови, злато и облека

ЕВЕ ШТО ЗАПЛЕНИЛА ЦАРИНАТА: Помеѓу запленетите работи има лекови, злато и облека

Нов рекорд на берзата! Кој ќе земе 1.985 евра дивиденда за акција?

Нов рекорд на берзата! Кој ќе земе 1.985 евра дивиденда за акција?