15 Јуни, 2025
0.0260

(ВИДЕО) ПРЕТЕПАНИ ИЗРАЕЛЦИ ВО АМСТЕРДАМ: Израел испрати два авиони за да ги донесе дома

Објавено во: Свет 08 Ноември, 2024 19:52

Добивај вести на Viber

Навивачите на израелскиот фудбалски клуб Макаби Тел Авив „синоќа беа нападнати од заседа во Амстердам“ додека го напуштаа стадионот по натпреварот од Лигата на Европа против холандскиот Ајакс, соопштија израелските власти.

Се појавија и видеа кои покажуваат насилство врз навивачите на Макаби. Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар изјави дека 10 израелски граѓани се повредени и ги советуваше сите Израелци во Амстердам да останат во своите хотели.

Полицијата го зголеми присуството во центарот на градот во пресрет на натпреварот

Саар, исто така, побара од неговиот холандски колега Каспар Велдкамп да им помогне на Израелците да заминат од нивните хотели на аеродромот. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека станува збор за сериозен инцидент и нареди да се испратат два авиони за евакуација на израелските граѓани.

Израелскиот лидер ги повика и холандските власти „да дејствуваат решително и брзо против бунтовниците и да обезбедат мир“. Израелската армија потврди дека ќе учествува во евакуацијата. „ИДФ (Израелските одбранбени сили) се подготвуваат веднаш да распоредат спасувачка мисија со координација на холандската влада. Мисијата ќе биде распоредена со помош на товарни авиони и ќе вклучува медицински и спасувачки тимови“, се вели во соопштението.

Полицијата во Амстердам соопшти дека го зголемила присуството во центарот на градот во средата навечер, ден пред натпреварот, поради можни тензии во неколку области.

Палестинското знаме симнато во центарот на градот

Во средата вечерта, полициските службеници „спречиле конфликт меѓу група таксисти и група посетители кои излегле од соседното казино“. Имаше уште еден инцидент во кој беше симнато палестинското знаме во центарот на Амстердам. На социјалните мрежи се објавени повеќе видеа на кои наводно се гледа како Израелците го рушат знамето и пеат навредливи песни.

Асошиетед прес пишува дека навивачите на Макаби очигледно се судриле со пропалестинските демонстранти. Судирите избувнаа и покрај забраната за пропалестински протести, која беше наметната од градоначалничката на Амстердам, Фемке Халсема, бидејќи стравуваше дека ќе ескалира.

Повеќе од 50 уапсени

Според полицијата, конфликтот избил на повеќе локации во центарот на холандската престолнина, но не е прецизирано од која страна дошло до насилството. Уапсени се вкупно 57 лица, соопшти полицијата. Амстердамската ТВ станица АТ5 објави дека демонстрантите фрлале со столчиња кон навивачите на Макаби. Полициските сили ги заштитиле Израелците и ги придружувале до нивните хотели.

Во попладневните часови во центарот на градот дојде до конфликт меѓу израелските фудбалски навивачи и полицијата. Според полицијата, уапсени се десетина лица поради нарушување на јавниот ред и мир и поседување нелегални пиротехнички средства.

фото: X

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ГОРИ КОНВОЈ: Украинците тврдат дека со ХИМАРС елиминирале руски војници

(ВИДЕО) ГОРИ КОНВОЈ: Украинците тврдат дека со ХИМАРС елиминирале руски војници

(ВИДЕО) ИРАН ИЗВРШИ НАПАДИ НА ИЗРАЕЛ: Има загинати, а меѓу нив и деца

(ВИДЕО) ИРАН ИЗВРШИ НАПАДИ НА ИЗРАЕЛ: Има загинати, а меѓу нив и деца

(ВИДЕО) ТЕХЕРАН Е ВО ПЛАМЕН: Израел погоди нови цели

(ВИДЕО) ТЕХЕРАН Е ВО ПЛАМЕН: Израел погоди нови цели

ЕСКАЛАЦИЈАТА ИЗРАЕЛ-ИРАН СО ПЕТ НАЈЛОШИ СЦЕНАРИЈА: Што ако Америка биде вовлечена?

ЕСКАЛАЦИЈАТА ИЗРАЕЛ-ИРАН СО ПЕТ НАЈЛОШИ СЦЕНАРИЈА: Што ако Америка биде вовлечена?

УБИЕНИ ДЕМОКРАТСКАТА ПОЛИТИЧАРКА ХОРТМАН И НЕЈЗИНИОТ СОПРУГ: Лажен полицаец пукал и во сенатор и неговата сопруга, полицијата трага по убиецот

УБИЕНИ ДЕМОКРАТСКАТА ПОЛИТИЧАРКА ХОРТМАН И НЕЈЗИНИОТ СОПРУГ: Лажен полицаец пукал и во сенатор и неговата сопруга, полицијата трага по убиецот

ПОВЕЌЕ ОД 30 АВИОНИ БИЛЕ ПРЕНАСОЧЕНИ КОН КИПАРСКИ АЕРОДРОМИ: Крајна дестинација им бил Израел

ПОВЕЌЕ ОД 30 АВИОНИ БИЛЕ ПРЕНАСОЧЕНИ КОН КИПАРСКИ АЕРОДРОМИ: Крајна дестинација им бил Израел

ЕВРОПА ВО ЖЕНСКИ РАЦЕ: Моќта, стилот и интелигенцијата на европската политика

ЕВРОПА ВО ЖЕНСКИ РАЦЕ: Моќта, стилот и интелигенцијата на европската политика

По професија е лекар, има седум деца и обожува да јава коњи: Моќна како лидерка, нежна како мајка - Помалку познати факти за Урсула Фон Дер Лајен

По професија е лекар, има седум деца и обожува да јава коњи: Моќна како лидерка, нежна како мајка - Помалку познати факти за Урсула Фон Дер Лајен

ШТО Е ХАИБАР - ИРАН МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ИЗРАЕЛ СО ОВА ОРУЖЈЕ: Нема информации кога ќе ја лансира

ШТО Е ХАИБАР - ИРАН МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ИЗРАЕЛ СО ОВА ОРУЖЈЕ: Нема информации кога ќе ја лансира