(ВИДЕО) ПРОТЕСТИ ВО ГЕРМАНИЈА: Германците обвинија за „лажна пандемија“
Објавено во: Свет, Корона Вирус 13 Септември, 2020
Германците се против мерките воведени поради коронавирусот.
Тие тврдат дека ова е „лажна пандемија“.
Протестите се одржаа во неколку германски градови вчера, и беа мирни.
Над 10.000 луѓе се собрале во Минхен, двојно повеќе од она што било пријавено.
Претходно полицијата во градот запрела една поворка, затоа што учесниците не се придржувале до мерките за носење на заштитни маски.
Организаторите на протестите, здружените „Кеурденкен 089“ ги повикало учесниците на поворката да се одделат и повторно да се соберат на Терезиино поле, центарот на денешните протести.
Говорниците на протестите ја обвиниле германската влада за ширење страв од лажна пандемија и лишување од човековите права.
Поединци носеле маици на кои пишувало „Против обврската за вакцинација, државно насилство, нечесни медиуми и предавници на народот“.
Синдикати и мировни здруженија организирале антипротести, главно против екстремно десничарските сили, кои обично заедно маршираат во протестите против владините антикорупциски мерки.
Во Германија 9.427 луѓе починаа од коронавирусот. Ковид -19 е дијагностициран кај повеќе од 260.000 луѓе.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.