(ВИДЕО) „Рускиот волонтерски корпус“ и „Легијата на слободата на Русија“ ги повикаа Русите да се борат за Русија без Путин

Објавено во: Свет 22 Мај, 2023
Во рускиот регион Белгород, кој се наоѓа веднаш на границата со Украина, дошло до вооружен инцидент.
Како што пишува Некста, Легијата наречена Слобода на Русија и Рускиот волонтерски корпус (РВЦ) спроведуваат операција во регионот Белгород, објави украинската разузнавачка служба.
Портпаролот на украинската Државна разузнавачка служба, Андреј Јусов, потврди за весникот „Суспилна“ дека Легијата на слободата за Русија и РВЦ спроведуваат операција за создавање „безбедносен појас“ за заштита на украинските цивили.
Вели дека операцијата ја вршат исклучиво руски државјани. Во меѓувреме, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Путин бил информиран за „обид за инфилтрација“ во регионот на Белгород од „украински саботери“.
„Работиме на раселување на украинските диверзанти од руска територија и уништување на оваа диверзантска група, има доволно сили и ресурси на лице место“, рече Песков.
Претходно, Слобода на Русија и РВЦ објави дека нивните единици „целосно ја ослободиле“ Козинка во Белгородската област.
Во меѓувреме, Легијата на слободата на Русија, која се бори на страната на Украина, сними видео порака во која ги повикува Русите да се борат за Русија без рускиот претседател Владимир Путин. Порачаа дека сакаат нивните деца да живеат во слобода, да патуваат, да студираат, да нема корупција, да има слобода на говор. Тие не сакаат диктатура.
Членови на Руски корпус и претходно упаднаа во руско село, каде убија две лица и потоа ја напуштија Русија. Пред неколку дена на Твитер кружеше видео во кое неколку вооружени лица се закануваа дека ги има во внатре во Русија и дека ќе се борат против Путин. Се заканија дека ќе ги казнат оние кои ја киднапираа нивната држава.
фото скриншотThe “Liberty of Russia” Legion
— Saint Javelin (@saintjavelin) May 22, 2023
states it is returning home to end the Kremlin's dictatorship.
What do you think of these events? pic.twitter.com/LjcN41Q7td
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.
Можеби ќе ве интересира
НА ИЗРАЕЛ МУ ОСТАНАА УШТЕ 20-ТИНА ДЕНА - Американците дале рок да се заврши војната во Газа

ПУТИН ТРГНУВА ВО ПОХОД НА УШТЕ ЕДЕН МАНДАТ - дали ќе има противкандидати? ЕВЕ ШТО ПОРАЧА НАВАЛНИ

ТРОШЕЛ НА ЕСКОРТ ДАМИ, ДРОГА И АВТОМОБИЛИ - на синот на Џо Бајден му се заканува казна од 17 години затвор

МИ ДАВАА ТРИ МЕСЕЦИ ЖИВОТ: По 35 години јас уште сум тука, а имав само пет отсто шанси да го победам ракот

ОРБАН НЕ ОТСТАПУВА: На состанокот на Европскиот совет треба да се воздржиме од приказната за членство на Украина во ЕУ

EКСПЛОЗИЈА НА БОМБА ВО ТУНЕЛ ВО ГАЗА: Загина синот на израелски министер

Вонредна состојба на Сејшелите поради голема експлозија (ВИДЕО)
ИНДИЈА БАРА ПОГОЛЕМА ФЛЕКСИБИЛНОСТ ВО САНКЦИИТЕ ПРОТИВ РУСИЈА: Се однесува на забраната за увоз на дијаманти
ПОРАНЕШЕН БЕЛИСКИ ГЕНЕРАЛ: Ако избие војна овде, ќе мораме да фрламе камења по само неколку часа
