(ВИДЕО) СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ТУРЦИЈА: Се стресе источна Анадолија
Објавено во: Свет 08 Ноември, 2024
Серија земјотреси имаше во Турција, а најсилниот е од 5 степени според Рихтер.
Потресите биле во околината на Елазиг во источна Анадолија. Управата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) oбјави дека земјотресот со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала се случил во центарот на Елазиг, на длабочина од 16,22 километри.
Како што објави порталот Хабер 7, земјотресот го почувствувале и во околните провинции, а жителите во паника истрчале од своите домови на улиците.
И оваа година и лани во Турција имаше силни земјотреси.Во октомври годинава во Турција во земјотрес имаше над 180 повреди.
Во Турција и Сирија лани на почетокот на годината имаше силен земјотрес, во кој загинаа над 50.000 луѓе.
5.0 Earthquake felt in Elazig, Turkey
— Disasters Daily (@DisastersAndI) November 8, 2024
November 08, 2024 #Earthquake #Deprem #Sismo #Terremoto #Turkiye pic.twitter.com/xLEO6AYyRZ
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.