(ВИДЕО) Советникот од ВМРО-НП се враќа во јатото на СДСМ
Објавено во: Македонија 06 Февруари, 2017
„Јас како советник од ВМРО Народна партија која до вчера коалицираше со социјалдемократскиот сојуз во Струмица сум грубо изманипулиран од Централното раководство на ВМРО Народна партија почитувајќи ја нивната одлука за коалиција со ВМРО ДПМНЕ со советот на Општина Струмица .
Поради несериозноста на Централното раководство ВМРО Народна партија си давам оставка од партијата.
Понатамошниот мандат во советот на Општина Струмица ќе го водам како независен советник поддржувајќи ја советничката на СДСМ“, изјави Советникот од ВМРО-Народна партија, Мето Витанов за кој вчера се појавија информации дека преминува во советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во советот во Струмица при што ги демантираше информациите изнесени во јавноста
Општинскиот Комитет ја поддржува оваа одлука на Витанов.