(ВИДЕО) ТЕОРИИТЕ НА ЗАГОВОР НЕ СЕ ТОЧНИ: Лекар трчаше 35 километри носејќи маска
Објавено во: Свет, Корона Вирус 10 Август, 2020
Том Лоутон, лекар од Јоркшир трчал 35. километри до работа и назад носејќи маска, за да докаже дека теориите на заговор за недостаток на кислород додека ја носиме маската не се точни.
Oдлучил да трча со маска за да им покаже на луѓето со респираторни проблеми, кои се плашат дека заради маската ќе имаат проблеми со дишењето, дека немаат причина да се грижат. Тој измерил дека нивото на кислород под маската никогаш не паѓа под 98 отсто.
Во неговиот експеримент, лекарот користел пулсиран оксиметар, инструмент што го мери нивото на кислород што го прима телото.
„Бидејќи сум здрав и во кондиција, решив да трчам затоа што така користам 10. пати повеќе кислород отколку кога седам. „Ако можам да покажам дека дури и тогаш нивото на кислород не паѓа, тогаш луѓето со респираторни проблеми ќе видат дека е безбедно да се носат маска“, објаснил Лотон.
Лекарот заклучил дека само со носење маска се заштитуваме од опасниот вирус.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.