(ВИДЕО) ТРАГЕДИЈА: Мало дете за 4 месеци ги загуби двајцата родители поради коронавирусот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 18 Ноември, 2020
Четиригодишно момче за 4 месеци останало без двајцата родители поради коронавирусот.
Мајката починала неколку часа по првите симптоми.
Раиден Гонзалес е момчето од САД кое ги загубило двајцата родители поради опасниот вирус.
Гонзалез, живеел со неговите татко (33) и мајка (29) во Тексас, САД.
Таткото на момчето се заразил на работа. Прво, еден од неговите колеги бил позитивен на тестот, а кога почувствувал симптоми, и тој веднаш се тестирал и се покажало дека е позитивен. Бил во исклучително лоша состојба и е примен во болница во јуни, каде набрзо починал. Се борел со коронавирусот околу четири недели.
Мајката на момчето, Марија, организирала комеморација за нејзиниот сопруг. Наскоро потоа, таа ги почувствувала симптомите. И таа починала ненадејно, неколку месеци подоцна, во октомври.
Момчето останало сираче и токму поради тоа започнала глобална хуманитарна акција за помош на ова дете.
Наскоро малиот Гонзалез ќе наполни пет години, а по смртта на неговите родители, сега живее со неговата баба.
Во светот има над 56 милиони заразени со коронавирусот, а САД е на врвот на листата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.