(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ ОБЈАВИЈА СНИМКА: Еве како го уништија бродот Комуна на Крим
Објавено во: Свет 22 Април, 2024
Украина објави дека го погодила рускиот брод Комуна на Крим.
Украинската војска во неделата објави дека директно го погодила и оштетила спасувачкиот брод на руската морнарица во Севастопол, на полуостровот Крим, дом на Црноморската флота.
Дмитро Плетенчук, претставник на украинската морнарица, бродот Комуна е погоден додека бил закотвен во Севастополскиот залив вчераутро и „јасно е дека сега (…) не е во состојба да извршува мисии“. Украинските вооружени сили известија дека станува збор за еден од најстарите бродови на руската морнарица, лансиран во 1913 година кој сè уште во служба. Украина уништи повеќе руски бродови досега. Руската инвазија на Украина влезе во трета година. САД одобри нова воена помош за Украина.
фото XUkrainian Navy spokesman has confirmed the damage to the Russian Black Sea Fleet ship Kommuna.
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) April 21, 2024
According to him, the extent of damage is being assessed, but "the ship is definitely not capable of performing its tasks anymore." https://t.co/IujJnXmrJ6 pic.twitter.com/fdgi54CS8I
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.