(ВИДЕО) ВТОР ПОДМЕТНАТ ПОЖАР ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ: Тинејџери запалија хеликоптер во Русија
Објавено во: Свет 24 Септември, 2024
Тинејџери запалија хеликоптер во Русија, поради што се обвинети за тероризам.
Тие во областа Омск во Западен Сибир се уапсени и обвинети за тероризам поради палење хеликоптер, објави прес-службата на регионалниот суд, пишува „Москва тајмс“.
Каналот „База“, вчера објави видео на кое еден од тинејџерите признава дека упаднал во хелиодромот и го запалил хеликоптерот.
Тие тврдат дека непознато лице, кое ги контактирало на „Телеграм“ и им дало инструкции, но воедно им понудило 20.000 долари.
Но, пораките наводно биле избришани, а 16-годишниците никогаш не ја добиле ветената исплата. Тие сега се соочуваат со обвиненија за тероризам и се во административен притвор од два месеци. Ова е втор подметнат пожар на хеликоптери во Русија за еден месец.
За една недела, во Русија имаше два случаи каде ученици извршија напади со чекан.- Two 16-year-old teenagers in Omsk broke into a Russian military base and allegedly set fire to an MI-8 helicopter, local media reported.
— The Informant (@theinformant_x) September 23, 2024
The Russian agents claim that they acted under instructions from a curator of the Ukrainian Armed Forces, with the promise of… pic.twitter.com/DnBoPhVdRj
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.