(Видео) Вучиќ му „залепи банана“ на мало дете
Објавено во: Балкан 10 Април, 2019
Српскиот претседател Александар Вучиќ предизвика голем број негативни реакции откако момчето со кого играше кошарка еден на еден му „залепи банана“.
За време на турнејата во спортската сала Сребрено езеро во Србија, Вучиќ рече дека државата финансиски ќе помогне да се заврши изградбата, а тој сака многу успеси во спортот и многу победи за децата.
Тој одлучи да игра кошарка одбра едно момче за спаринг-партнер.
И кога се очекуваше дека Вучиќ ќе му дозволи на момчето да префрли до обрачот, тој ја искористи својата висина и "го блокираше" под кошот.
Ваквата реакција на Вучиќ предизвика лавина негативни коментари за социјалните мрежи.