19 Декември, 2025
0.0586

(ВИДЕО) Заев: Ќе покажам дека ќе бидам премиер на сите граѓани на Македонија

Објавено во: Македонија 10 Март, 2017 13:08

Добивај вести на Viber

Опозицискиот лидер Зоран Заев на обраќањето пред јавноста ја презентираше новата програма на владата на РМ а како што најави Дамјан Манчевски Влада која ќе биде посветена на сите нејзини граѓани.

„Македонија мора да оди напред, денеска сум пред вас да ја објавам програмата на новата Влада на Република Македонија“, вака Заев ја почна прес конференцијата.

Заев истакна дека суштината на прогрмата биле основните потреби на граѓаните.

„Парламентарното мнозинство силно посветено на зацврстување на унитарноста, суверенитетот и стабилноста на РМ ја декларира својата силна политичка волја за формирање на реформска влада која ќе се фокусира на заедничките стратешки приоритети на РМ, членството во НАТО и ЕУ и ќе обезбеди брзо надминување на политичката криза преку обезбедување реална поделба на  власта, функционирање на правната држава и градење на силни и демократски институции“, рече Заев.

Тој посочи дека на граѓаните им се неопходни независни институции, повисоки, плати, ефикасни мерки против корупцијата и ефикасни здравствени и образовни системи.

„Денеска сум тука да покажам дека ќе бидам премиер на сите граѓани на Македонија“, рече Заев.

„Програмата на новата влада на РМ ги содржи принципите на предизборната програма на СДСМ насловена како План за живот во Македонија како и на предизборните програми на партиите кои освоија пратеници во Собранието и кои се дел од мнозинството“.

Во составувањето на програмата на новата Влада Заев вели дека се воделе исклучиво од принципите прифатливи за сите граѓани на РМ.

„Наши стратешки цели се:-подобар живот на сите граѓани, развој на економијата, враќање на демократијата, владеењњ на правото и правдата, ефикасни институции, интеграција во ЕУ и НАТО“, истакна Заев.

Следете го во живо преносот на обраќањето на опозицискиот лидер:


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината