(ВИДЕО+ГАЛЕРИЈА) Заев се сретнал и со Црвенковски, очекува да биде иден мандатар
Објавено во: Македонија 23 Декември, 2016
Зоран Заев со кандидатите кои се избрани за пратеници во прелиминарните резултати одржа прес конференција пред Собранието на Република Македонија од каде испрати пораки дека режимот е завршен и ќе следи процес на формирање на нова влада во која се очекува да оствари соработка со албанските партии, без оглед како ќе заврши прегласувањето во Теарце. Пред медиумите Заев откри дека се сретнал и со Бранко Црвенковски, како и други политички лидери.
„Претседателот Црвенковски континуирано ја дава својата поддршка. Секако остварив средба и со претседателот Црвенковски и со многу луѓе во целиот овој период и верувам дека секоја мудрост е добредојдена заради тоа што важни се и огромни очекувањата на граѓаните во периодот којшто претстои пред сите нас“ изјави Заев.
Исто така дополни дека СДСМ се убедени дека режимот и диктатурата завршија во Македонија. Апсолутно логичноста на одлуките коишто следат во Македонија се нешто коешто воопшто не треба да не изненади, рече Заев.