17 Декември, 2025
0.0352

(ВИДЕО) ЖЕСТОКИ НЕМИРИ ВО АТИНА: Над 200 приведени во судири со полицијата

Објавено во: Балкан 07 Декември, 2014 10:43

Добивај вести на Viber

Вкупно 211 лица се приведени по синоќешните жестоки протести во Атина, при кои демонстрантите се судрија со полицијата. Неколку илјади демонстранти излегоа на протест во знак на сеќавање на 6-годишнината од датумот кога атински полицаец уби невооружен тинејџер. За време на синоќешните насилни демонстрации бил оштетени и повеќе продавници и автобуски станици. Еден дел од демонстрантите насилно влегле во продавница за облека, ја изнеле облеката на улица и ја запалиле. Полицијата интервенирала со солзавец. До судири дошло и во Солун, каде разгневените демонстранти претепале двајца полицајци во цивил, а интервентната полиција дејствувала со солзавец и шок бомби. Тинејџерот Александрос Григоропулос беше убиен во декември 2008 година по вербален судир со полицијата. Неговата смрт предизвика двонеделни протести, најнасилни во поновата историја на Грција. Овојпат протестите се совпаднаа со период во кој во затвор се наоѓа близок другар на Григоропулос, Никос Романос, кој е осуден за грабеж на банка. Тој бил присутен во моментот кога неговиот другар бил убиен, а денеска во затвор штрајкува со глад и бара да биде пуштен за да посетува предавања на универзитет. Лекарите велат дека неговата здравствена состојба се влошува. [embed]http://www.youtube.com/watch?v=L-x06FptdDo[/embed] [embed]http://www.youtube.com/watch?v=ScH-OSJQXis[/embed]

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата