(ВИДЕО18+) Вака „паднаа“ осомничените за шверц со кокаин меѓу кои е и актерката Стојановска
Објавено во: Македонија 24 Декември, 2019 11:11
Седумстотини килограми кокаин кои требаше да обезбедат скоро 20 милиони евра на криминална група ставија зад решетки петорица осомничени меѓу кои е и актерката Силвија Стојановска и нејзиниот сопруг Воислав Будисављевиќ.
Министерството за внатрешни работи во јавноста денеска го пласираше видеото од акцијата на шпанската полиција и американскиот оддел за сузбивање на шверц со дрога, во кое се гледа апсењето на осомничените за шверцот на кокаин кој од Колумбија требало да заврши во Европа.
Од приведените петорица двајца се шпански државјани, а во Мадрид во притвор заврши и братот на Будисављевиќ.
Во меѓународната акција „Колибри“ сите приведени се гонат за неовластено производство и пуштање во промет на наркотици а засега во бегство се двајца други осомничени.
За време на спроведувањето на Стојановска пред органите на прогонот таа молчеше пред медиумите.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




