16 Декември, 2025
0.0662

Видеолотарија Касинос Австрија и ФК Аеродром во партнерство за посветла спортска иднина

Објавено во: Мои пари 07 Мај, 2025 15:16

Добивај вести на Viber

Видеолотарија Касинос Австрија е златен спонзор на ФК Аеродром 2018 Скопје, клуб кој со својата посветеност и амбиција успешно се позиционира на фудбалската сцена. Компанијата во континуитет поддржува спортски проекти и вложува во развојот на македонскиот спорт, во рамките на својата визија за модерна и општествено одговорна компанија.

Партнерство беше официјализирано денеска на теренот на фудбалскиот клуб од Ново Лисиче во присуство на претставници на Видеолотарија Касинос Австрија и ФК Аеродром, при што беше истакнато значењето на соработката, која има за цел да придонесе кон подобрување на условите за тренинг и натпреварување на тимот.

„Со ова партнерство, Видеолотарија Касинос Австрија, уште еднаш ја потврдува сериозноста на нашата мисија за унапредување на спортската сцена во нашата земја. Нема спортски успеси без вложувања во инфраструктурата, како и поддршка на младите таленти за спорт. Токму затоа и го спроведуваме нашиот проект Играј со најдобрите, во чии рамки е и оваа поддршка. Конкретно со ова спонзорство, сакаме да придонесеме за развојот на фудбалот и да овозможиме подобри услови за играчите на ФК Аеродром. Средствата од ова спонзорство ќе бидат наменети за модернизација на инфраструктурата и подобрување на условите за тренинг и натпревари. Веруваме дека во иднина, заедно ќе се радуваме и ќе го славиме успехот на ФК Аеродром“ изјавија од Видеолотарија Касинос Австрија.

Претставниците на ФК Аеородром не го криеја задоволството од соработката со златниот спонзор, која за нив, како што истакнаа, претставува значајно признание и потврда за посветената работа на клубот во развојот на фудбалот.

„Поддршката ќе ни овозможи да создадеме уште подобри услови за тренинг, развој и напредок на нашите играчи. Нашите тренери, кои се вистински стручњаци во својата област, со својата неуморна посветеност, искуство и визија, ќе продолжат да работат на тоа да ги подготват нашите играчи за големи фудбалски успеси и да им помогнат да го развиваат и натаму својот потенцијал, како на теренот, така и надвор од него.Оваа соработка, за нас, претставува и голема обврска, но ние сме убедени дека ќе ја оправдаме довербата што ни ја укажа Видеолотарија Касинос Австрија. Нашиот прв тим ќе биде дополнително мотивиран да продолжи со посветеност да ги дава своите најдобри резултати на теренот, во сите натпревари што претстојат. Заедно, тимски, ќе продолжиме да постигнуваме значајни успеси и достигнувања, што ќе биде гордост за клубот и македонскиот фудбал“, изјави Ивица Аврамовиќ, претставник од ФК Аеродром, клуб кој низгодините се развива со јасна цел – создавање конкурентен тим и унапредување на фудбалската култура во регионот.Благодарение на стручниот тренерски кадар и одличните услови за работа, клубот успешно се натпреварува и гради стабилна основа за идните сезони. Со постојани вложувања во спортската инфраструктура и професионалниот развој на играчите, клубот има за цел да се етаблира како сериозен конкурент во македонскиот фудбал.

Видеолотарија Касинос Австрија останува посветена на вложувањата во спортот, со верување дека заедно можеме да создадеме подобра иднина за фудбалската сцена во Македонија.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“