16 Декември, 2025
0.1230

„Вие бевте министер во Влада која беше позната по секојдневните скандали“: Хоџа контра Николовски - овојпат има реакција

Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2025 14:42

Добивај вести на Viber

За само 50 од 453 потпишани ИПАРД 3 договори има заостанувања зашто треба да се утврди дали се поврзани со некое кривично дело како што се зборува во медиумите. Апелираме до сите надлежни институции да ги извршат проверките и контролите, за случајот да се обелодени. Нема да навлезам во детали на истрагите кои се вршат, ќе оставиме органите да кажат подетално, рече денеска заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Албрим Хоџа од собраниската говорница.

Одговорајќи на прашањето што му го постави пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, Хоџа напомена дека ЕУ го поздравила брзото реагирање на државните институции во врска со случајот ИПАРД 3.

Николовски најпрво побара оставка од актуелниот министер за земјоделство Цветан Трипуновски, но бидејќи Трипуновски не е присутен на собраниската седница, го праша заменик-министерот зошто на Платежната агенција и се потребни 18 месеци за реализација на еден ИПАРД 3 повик со 107 апликации, кога ист таков повик, но од ИПАРД 2, бил реализиран за само четири месеци.

- Вие бевте министер во една влада која беше позната по секојдневните скандали, но овојпат доброто е тоа што има реакција од страна на институциите. Ние сме во редовни контакти со нашите партнери од ЕУ во врска со овој случај и доброто е тоа што тие го поздравуваат брзиот начин на реагирање на институциите. 

Моментно Владата има одредено нови директори во Агенцијата, професионалец со добро познавање на МЗШВ и на Агенцијата, поранешен државен секретар, претседател на Комитетот за следење на ИПАРД 3 - истакна Хоџа.

Тој му рече на Николовски дека веднаш по седницата ќе му даде писмени одговори на сите поставени прашања.

- Ќе дадам одговори писмено веднаш по седницата, само да го потсетам Николовски дека МЗШВ покрена неколку процедури во Обвинителството за неговата работа додека беше министер. 

Кога вие сте го воделе МЗШВ, сте формирале комисии со три члена надвор од сите законски процедури само за да се дадат грантови од 10 000 евра за производство на вино - потенцира Хоџа и наброи што се е сработено во изминатите 15 месеци, откако е дојдено новото раководство во МЗШВ, вклучувајќи ја, како што рече, и целосната исплата на заостанатите субвенции што ги остави претходната власт. 

Николовски не беше задоволен од одговорот на заменик-министерот, а во врска со изнесените обвинувања му рече дека е подготвен веднаш да заминат во Обвинителството.

Според него, не е точно и тоа што го тврди заменик-министерот, дека за само 50 од 453 потпишани ИПАРД 3 договори има заостанувања.

- И еден договор да е доведен во прашање, една инвестиција, еден човек кој ги чека парите, треба да биде предмет на ваша расправа во Владата. И не е точно дека се 50, 453 договори се склучени, а 180 не се исплатени. Дополнително, сте тргнале 40 проценти од раководниот кадар што ви е забележано и од ЕУ - нагласи Николовски.

Илија Стоилев, кој ја извршуваше функцијата директор на Платежната агенција, на 6 ноември беше приведен под сомнение за земање мито, а потоа беше и разрешен од функцијата. Вчера, министерот за земјоделство Цветан Трипуновски соопшти дека нов директор на Платежната агенција е Даниела Лазарова Иротова, поранешен државен советник во Министерството за земјоделство.

Фото: Принтскрин/Фејсбук/Министерство за земјоделство

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“