19 Декември, 2025
0.0518

ВИКЕНД ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: За што да се подготвите викендов?

Објавено во: Македонија 03 Февруари, 2017 20:25

Добивај вести на Viber

Викендов не можеме „премногу да бараме“ од времето. Веројатно ќе треба да се задоволиме со пораст на температурата, но тоа нема да биде проследено со сончево време. 

Очекуваме воглавно облачно време, со врнежи кои ќе бидат сконцентриани во крајниот западен регион во сабота и тоа повеќе во втората половина од денот. Станува збор за сосема слаби врнежи. Најголем дел од котлините ќе имаат појава на магла и ниска облачност наутро, но со тенденција тие да се задржат во поголем дел од претпладнето. 

Може да очекуваме нешто позачестени врнежи во недела, повторно повеќе во западниот крај, но без голем потенцијал за значајна количина на воден талог. Приквечер врнежи може да се очекуваат и во североисточниот крај.

Заради влијанието на јужното струење, снег ќе врне само на височина над 1700 метри.

Во сабота навечер и во првата половина од недела очекуваме умерен југозападен ветер во западните делови од земјава.

Наутро ќе имаме претежно негативни вредности на температурата, но не пониски од -5°С.

Во сабота температурата низ поголем дел од котлините и повисоките неселени места ќе има вредности во границите помеѓу 6°С и 8°С. Потопло ќе биде на југоисток каде максималната температура ќе достигне до околу 12°С.

Недела ќе биде за околу 2°С потопла во однос на сабота.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината