16 Декември, 2025
0.1876

Винаријата „Стоби“ ги спои убавото вино и забавата на кроењето на првата лоза за Св. Трифун

Објавено во: Мои пари 14 Февруари, 2015 17:07

Добивај вести на Viber

Во присуство на голем број гости, членови на дипломатскиот кор, црковни великодостојници, преставници од бизнис сферата, деловни соработници и медиуми, првата винова лоза во винаријата Стоби, локалитет Градско, свечено ја закрои сопственикот на винаријата, господинот Минчо Јорданов. Долгата македонска традиција вели дека со закројувањето на лозите родот ќе биде богат и ќе се произведе добро вино. Токму затоа, по повод празникот Св. Трифун, заштитникот на вината и винарите, се одржа споменатото традиционално закројување лозови насади. „14 февруари кај нас во винаријата Стоби, како и во целиот Тиквешки регион се слави празникот „Св.Трифун“ посветен на светецот заштитник на лозјата и градините. Денеска се посакуваат добро здравје и богат род на лозјата. Така и ние, по петти пат по ред се радуваме на почетокот на новата сезона и верни на традицијата и обичаите, закроивме три лози со благословот „Дај Боже бериќет“ – истакна Ана Јорданова, член на надзорниот одбор на винарија Стоби. Гостите на овој настан имаа и прилика да ја разгледаат целата винарија Стоби низ турата организирана од домаќините, а и секако да уживаат во високо квалитетните вина. За атмосферата и доброто расположение се погрижија Дани, Летечки Пекинезери и DJ Џон Антонио. „Претходната година, иако беше исполнета со предизвици, од аспект на родност на виновата лоза, сепак Стоби винарија, благодарение на напредната технологија, искуството и знаењето од енолошки аспект, успеа да постигне одлични резултати. Го зголемивме пазарниот удел на домашниот пазар, зацврстувајќи ги нашите позиции, но истовремено и се проширивме на нови пазари. Сега сме присутни во над 20 земји ширум светот. Освоивме значајни признанија и награди на бројни натпревари,меѓу кои и на најпрестижните како „Мундус Вини“ и „Декантер“ – изјави Дане Јованов, директор на винаријата Стоби.

Можеби ќе ве интересира

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“