Добивај вести на Viber
Мобилниот оператор Вип го пушти во продажба новиот „ Samsung Galaxy Note Edge “ од последната серија „ Galaxy Note “, кој ја спојува напредната S Pen технологија и моќното визуелно искуство. Новиот телефон функционира и на 4Г ЛТЕ мрежата на Вип.
Од Вип информираат дека телефонот од денеска е достапен по цена од 19.999 денари во Вип Фрее+ Нолимит+ со договор на 24 месеци.
Телефонот поседува уникатен закривен екран кој им овозможува на корисниците нов интерактивен пристап до информациите, најчесто користените апликации и функции, едноставно и брзо со еден допир, дури и за време на гледање видеа без никакви пречки. Со Super AMOLED Quad HD дисплеј од 5,6 инчи и резолуција од 2560 X 1440, овозможува брза репродукција на јасни слики со интензивни и живописни бои, со изразен контраст. Големиот екран на Samsung Galaxy Note Edge обезбедува значително подобрено корисничко искуство и е одличен одговор на барањата на корисниците за полесно и побрзо реализирање на повеќе функции во исто време. Истовремено, со извонредниот Samsung Galaxy Note Edge со оперативен систем Android 4.4 (KitKat), корисниците можат да го изберат начинот на пристап до своите апликации, користејќи го целиот, поделен или pop up екран.
Samsung Galaxy Note Edge поседува ултра моќен 2,7 GHz Quad-Core Processor кој овозможува користење на повеќе апликации или функции во истовреме. Новите материјали што се користени при изработка на екранот ја намалува можноста за оштетување и помага при заштеда на енергија. Дополнителен адут на новиот Samsung Galaxy Note Edge е опцијата за брзо полнење на батеријата.
Galaxy Note Edge располага со задна камера од 16 мегапиксели и smart оптички стабилизатор за фотографиите, и се овозможува врвен квалитет и за фотографирање во движење и при слаба осветленост. Предната камера е од 3,7 мегапиксели и овозможува широко аголно сликање.